Со поедноставна процедура до нови лични документи

Триесет илјади граѓани во просек годишно ги губат своите лични документи. Со цел поедноставување на постапката за пријавување на неважечки документи и побрзо вадење на нови, МВР и Службен весник веќе извесно време спроведуваат тест период.Во истиот граѓаните изгубените документи може да ги пријават директно во Управните служби на МВР, кои согласно договорената соработка го информираат Служениот весник. На овој начин се скратува процедурата на пријавување, а граѓаните новите документи може да ги извадат во значително пократок период.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес истакна дека поради успешноста на тест период, од први идниот месец граѓаните на територија на цела Македонија ќе може по оваа постапка да ги пријавуваат изгубените лични карти, возачки дозволи, пасоши и сообраќајна дозвола.
-Во минатото, посебно за граѓаните од другите градови на Република Македонија, каде Службен весник нема свои подрачни единици и нема свои канцеларии, оваа постапка иако не беше скапа, беше прилично комплицирана. Затоа правевме анализи на начинот на постапување на слични институции во други земји се со цел постапката да ја поедноставиме и граѓаните да можат суштинската работа да ја завршат на едно место, истакна Јанкулоска.
Директорот на Службен весник посочи дека овој проект во целост ќе ги поедностави процедурите за објавување на неважечки и вадење нови четири вида на документи.

-Целта на овој проект е со поедноставување на комплетната процедура за објавување каде што во просек некаде до недела, десетина дена се чекаше да се објави и да се отпочне процедура за вадење на нов документ, со овој проект практично граѓанинот ќе може за еден ден да изврши објава на неважечкиот документ и отпочнување на постапка за нов документ, изјави Тони Трајанов, директор на Службен весник.
Според досегашната статистика граѓаните најмногу ги губат личните карти, па возачките дозволи, следни се патните исправи и на крај сообраќајните дозволи.
Извор: kurir.mkВо истиот граѓаните изгубените документи може да ги пријават директно во Управните служби на МВР, кои согласно договорената соработка го информираа

Пронајдете не на следниве мрежи: