сабота, 28 ноември 2026
Најново

Со „Рурални развојни зони“ до развој и намалување на невработеноста во Мородвис, Видовиште и Зрновци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Носителот на во ИЕ3, Илија Димовски денеска оствари средби со граѓаните од Општина Зрновци на кои ги презентираше проектите од новата изборна програма „Реално“, а кои ќе бидат од исклучително значење за сите граѓани од овој регион.Димовски оствари средби со граѓаните на Мородвис, Видовиште и Зрновци на кои ги образложи и најави проекти од областа на инфраструктурата и економијата.
Во насока на подобрување на инфраструктурата носителот на ИЕ3, најави реконструкција на регионалниот пат Карбинци-Зрновци-Виница, како и реконструкција и изградба на локалните патишта с. Мородвис–Археолошки локалитет Црквиште и локалниот пат Зрновци–Грдовци.
Тој исто така истакна дека ќе се изгради нов мост во Општина Зрновци на регионалниот пат Кочани-Зрновци, на местото на стариот кој беше оштетен од поплавите, а и ќе се промени секундарната водоводна мрежа во с. Зрновци.
Димовски во Зрновци најави и отворање на детска градинка и изработка на урбанистички планови за проектите Купи куќа за млади и куќа за над 36 со кои ќе им се излезе во пресрет на сите граѓани.
При посетата на населените места од Општина Зрновци тој го потенцираше и значењето на новиот проект „Рурални развојни зони“ кој ќе допринесе за развој и намалување на невработеноста во населените места Мородвис, Видовиште и Зрновци.
На средбите граѓаните истакна дека на 11 декември ќе гласаат за проекти и мерки, наместо за двојазичност и федерализација.
 Димовски оствари средби со граѓаните на Мородвис, Видовиште и Зрновци на кои ги образложи и најави проекти од областа на инфраструктурата и економи

Поврзани вести