Собирот масовен, се пали оган: Граѓани повторно дојдоа пред ДИК, ја бранат победата на ВМРО-ДПМНЕ

Се очекува на масата народ да им се обратат повторно членови од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои во вчерашните говори истакнаа дека нема да се тргнат од пред ДИК додека не се потврди изборната победа на партијата и на коалицијата „За подобра Македонија“Повеќе стотини граѓани се собраа и вечерва пред Државната изборна комисија за, како што велат, да ги одбранат изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и волјата на народот. На улицата пред зградата во која е сместена ДИК ечат скандирања за поддршка на владејачката партија, а се пеат и патриотски песни. За да се надмине студот, на насобраните им се доставени метални буриња во кои се ложат дрва за огрев.

Се очекува на масата народ да им се обратат повторно членови од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои во вчерашните говори истакнаа дека нема да се тргнат од пред ДИК додека не се потврди изборната победа на партијата и на коалицијата „За подобра Македонија“. Нагласуваат дека нема да дозволат да им се одземе ниту еден освоен мандат.
– Грижата на ВМРО-ДПМНЕ за Македонија е искрена. Генерации војници, генерации Македонци, генерации фамилии, го дадоа животот за оваа Македонија, за некој така лесно и така едноставно да ја раскрчмува – нема да дозволиме, нема да помине – истакна Сашо Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ, обраќајќи се пред насобраниот народ вечерва.
Во зградата на ДИК во тек е маратонската седница која трае веќе два дена, а на која се одлучува по приговорите од страна на движењето Беса и на СДСМ. Три од приговорите на СДСМ, Комисијата ги отфрли уште во текот на вчерашниот ден, додека на денешното продолжение од седницата беше истакнато дека СДСМ повлекол и два свои приговори. Денеска беше одбиен уште еден приговор, така што за одлучување останаа уште два.
Додека трае седницата, во просторијата се слушаат довикувањата и скандирањата што доаѓаат од улицата пред зградата на ДИК.

Извор: ТелеграфПовеќе стотини граѓани се собраа и вечерва пред Државната изборна комисија за, како што велат, да ги одбранат изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и волј

Пронајдете не на следниве мрежи: