На пејачката Драгана Мирковиќ во април оваа година и забранија влез во дворцот Ебенфурт, кој во 2010 година го земала во закуп, и тоа поради милионските долгови. Како што дознаваат српските медиуми, пејачката од прил нема право на влез во палатата Ебенфурт се додека не го исплати долгот од 1.040.000 евра Драгана Мирковиќ нема право на користење на ова прекрасно издание на дворец, се вели во документите кои на увид ги имал Аlo!.
– Драгана во април оваа година доби забрана да доаѓа во дворецот. Таа мора да плати повеќе од милион евра за судските извршители да не и дојдат и да и го запленат имотот. Добила и рок до кој мора да ги подмири своите обврски, а кога ќе ги реши сите финансии, ќе може да напише молба со која на неа и на нејзиниот сопруг Тони ќе им се врати замокот. Тој имот, инаку не е во нејзина сопственост, бидејќи тоа е историска зграда и таа само го зела под закуп на 100 години.
Меѓутоа поради непорамнетите сметки сега и го одземале, барем на некое време, вели изворот и додава дека реновирањето на овој објект се уште не е завршено.
– По апсењето на работниците кои работеле на реставрација назамокот, работата застанала. Иако Драгана најавуваше дека реновирањето ќе биде готово за 3 години, тоа се уште не се случи, вели изворот.
Драгана и нејзиниот сопруг не биле достапни на телефон за да ја потврдат информацијата, така што се уште не се знае дали тие до денес го вратиле долгот и добиле дозвола за користење на дворецот Ебенфурт.
Пејачката најавуваше дек првите два спрата од дворецот ќе бидат отворени за јавноста, додека таа и семејството ќе живеат на третиот и четвртиот спрат. – Реновирањето ќе трае 3 години, и бидејќи зградата се наоѓа под заштита на државата, неопходно е да се испочитува пропишаната процедура. Приземјето и првиот спрат најверојатно ќе биде отворен за посета од туристи кога нам ќе ни одговара, додека ние ќе живееме на другите два спрата – изјави Драгана пред 4 години.
Полицијата влегла во дворецот
Специјален тим на австриската полиција за борба против имигранти влезе во 2012 година, во замокот Ебенфурт кој тогаш го реновираше Драгана Мирковиќ и во таа прилика затекнале 8 илегални имигранти – работници на црно од Србија и Босна и Херцеговина. Како што се пишуваше, илегалците веднаш биле депортирани во нивната родна земја, а на сите им е забрант влез во Австрија, а потоа се огласи и сопругот на пејачката, Тони Бјелиќ.
– Знам дека некои луѓе беа уапсени. Ние оваа недела бевме во странство. За жал, јас не знам што точно се случило. Во секој случај, тоа не беа наши луѓе, ние се правиме во согласност со прописите. Многу австриски градежни компании се фатени во замка, па треба да се има соодветна дозвола. Јас не проверувам дали било кој од нив вработуваат работници нелегално – изјави тогаш Тони. Замокот Ебенфурт е заштитен од државата!
Замокот, кој Драгана го доби на користење е направен во 1160 и е под заштита на државата Австрија. Има четири кули, високи од 35 метри и зафаќа површина од 12.000 квадратни метри, со имот од хектар ипол големина. Иако изгледа трошно, и во лоша состојба, зградата издржала многу вкови и војни и има непроценлива историска вредност.Драгана Мирковиќ нема право на користење на ова прекрасно издание на дворец, се вели во документите кои на увид ги имал Аlo!.
– Драга



