ШОК ЗА КАТАЛОНИЈА: Барселона се сели во втората лига?

Според пишувањата на некои шпански медиуми, обвинителот Хозе Пералс и истражниот судија Пабло Руиз, ќе бараат забрана за играње на Барселона во Примерата со траење од една или две сезони. Ова се јавува како последица поради наводно затајување на данок на каталонскиот гигант за време на трансферот на Нејмар, кој во 2013 година пристигна од Сантос за 57,1 милиони евра.Се смета дека тие ќе бараат и затворска казна за актуелниот претседател на клубот, Јосеп Бартоломеу, како и забрана за играње од една или две сезони за клубот.
Притоа, на Барселона нема да ѝ се забрани учеството во Лигата на шампиони. Поради оваа информација, цела Каталонија е на нозе. Исто така, Руиз го обвинува клубот дека смислиле план за да ја сокријат реалната цена на Нејмар. Истражниот судија истакнува дека Нејмар ги чинел 83,3 милиони евра. Според наводните проценки, фудбалскиот гигант го отштетил државниот буџет за 13 милиони евра данок.
Шпанските медиуми се поделени што се однесува на овој скандал, а се шпекулира дека е мала веројатноста Барселона да биде исфрлена од Примерата од едноставна причина што клубот претставува огромна фабрика за пари за Каталонија и цела Шпанија, па тука се и спонзорите и останатите извори на финансии.
Покрај тоа, Барселона има углед во спортскиот свет и покрај Реал, таа е најпрепознатлив шпански спортски бренд.
Но, прашање е колку ќе плати? Каталонија е згрозена од идејата на јавното обвинителство, а во целата ситуација за сите фанови на Барса се прошири и приказната дека Реал Мадрид има вмешано прсти во целиот случај. Имено, Реал уште одамна фрли око на Нејмар и сакаше да го доведе во своите редови.
Клубот Сантос за него бараше 150 милиони евра, што Флорентино Перез не сакаше да го прифати. Подоцна, Нејмар премина во Барселона за многу помал износ и со тоа Мадриѓаните добија шлаканица. А кога кон сето тоа ќе се додаде и политичката ситуација во која Каталонците сакаат да се одделат од Шпанија, а клубот е симбол на Каталонија, се доаѓа до апсолутното лудило кое овој настан го предизвика во јавноста.
Како и да е, Руиз има уште недела дена да го покаже случајот на суд и да го наведе точното обвинение со сите точки и ставки од законот. Се чека потегот на судот.Се смета дека тие ќе бараат и затворска казна за актуелниот претседател на клубот, Јосеп Бартоломеу, како и забрана за играње од една или две сезон

Пронајдете не на следниве мрежи: