Шокантна исповед на Мадона: „Бев силувана на покрив на зграда“

Мадона открила дека била сексуално злоставувана на почетокот на кариерата кога се преселила од Мичиген во Њујорк.- Њујорк не е се што мислев дека ќе биде. Првите години беше пекол, како постојано да бев на „нишан“. Бев силувана на покрив на зграда со нож во грбот, ме нападна непознат маж – открила Мадона за ноемврискиот број на списанието „Харпер базар“.
– Живеев во апартман кој трипати го ограбуваа, не знам зошто бидејќи немав ништо вредно во него – додала Мадона.
И покрај страшното искуство, како и пеколот низ кој често поминувала, Мадона одлучила да опстане во Њујорк, дури и ако тоа подразбирало да прави работи кои не и се допаѓаат.
– Почетокот во Њујорк не беше каков што го замислував. Бев професионална танчерка, позирав гола за ликовни уметници за да имам да си ја платам киријата. Тоа беше пекол, преживување! – рекла поп-иконата.
За силувањето Мадона првпат проговорила во 1995. година во интервјуто за едно списание кое никогаш не е објавено.- Њујорк не е се што мислев дека ќе биде. Првите години беше пекол, како постојано да бев на „нишан“. Бев силувана на покрив на зграда

Пронајдете не на следниве мрежи: