Поранешната тенисерка Моника Селеш за магазинот „Пипл“ прв пат проговорила за својата борба со пореметувањето во исхраната, како и која била причината за тоа.Моника прв пат признала дека во еден момент од својот живот полегнала на притисоците и почнала да јаде неконтролирано. Сега ја поддржува новата кампања на Националната асосијација за борба против пореметување во исхраната и се надева дека нејзината приказна ќе одекне далеку.
„Долго ми требаше да прозборам за тоа. Одлучив да се посветам на оваа кампања и да ја подигнам свеста за тоа дека пореметувањата во исхраната се сметаат како сериозна медицинска состојба“, рекла тенисерката.
41- годишната Моника вели дека почнала неконтролирано да јаде во времето кога се борела со притисоците да биде успешна на теренот, додека во исто време нејзиниот татко се борел со ракот на простата. Сепак, последиците од нападот на тенискиот терен во 1993 година најмногу влијаеле на нејзината состојба.
„јадев неконтролирано. Чипс, колачи – се што ќе се најдеше во домот. Јадев огромни количини храна во многу краток временски период“.
Иако нејзината тежина варирала Моника вели дека не била свесна за својата болест. Прејадувањето инаку е едно од најзастапените пореметувања кај возрасните Американци , надминувајќи ја бројката на оние кои страдаат од билимија и анксиозност.
„Ми беше тешко да разберам како бев толку фокусирана на теренот и дисциплинирана, а надвор од него јадев неконтролирано. Се чувствував многу посрамена поради тоа“.
Моника побарала помош по што почувствувала големо олеснување.
„Сега се чувствувам пријатно да јадам во јавност и немам потреба да се затворам дома. И понатаму го имам тоа во себе, но поентата е дека научив да се контролирам“, заклучува поранешната тенисерка.Моника прв пат признала дека во еден момент од својот живот полегнала на притисоците и почнала да јаде неконтролирано. Сега ја поддржува нова



