Солзите на „Пресвета Богородица“ се мироточење

На новите фотографии се гледаат капки роса на лицето на „Пресвета Богородица“, кои и покрај тоа што неколкупати биле отстранувани со памук, тие во текот на целиот ден повторно се појавуваат.Првичните анализи, што ги направиле теолози на МПЦ на иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево покажуваат дека станува збор на мироточење, дознава „Религија.мк“.
Откако вчера веднаш по утринска литургија, присутните забележале капки налик на вода на самата икона, а по извесно време целата икона била оросена, свештеници и теолози на МПЦ кои извршиле анализи на иконата, првично потврдиле дека станува збор за „мироточење на иконата“, процес кој во црквата се нарекува чудо и кој не е непознат и често се случува во црквите.

 
Црквата која беше затворена се додека не беа направени првичните анализи, сега е отворена, но само за верниците. МПЦ не дозволува снимање и фотографирање на иконата.
Иако иконата ја анализирале лица од кабинетот на Архиепископот г.г. Стефан сепак се чека и негова посета на црквата, по што МПЦ ќе излезе и со официјален став.
Фотографиите се превземени од социјалните мрежиПрвичните анализи, што ги направиле теолози на МПЦ на иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево покажуваат дека станува

Пронајдете не на следниве мрежи: