Сони и ФИФА најавија понатамошен пренос на светското првенство во фудбал 2014

Loading...

Сони и ФИФА најавија понатамошен пренос на светското првенство во фудбал 2014 со 4К камерите
— снимките ќе бидат вклучени во официјалниот филм за ФИФА во 4К —Токио, Јапонија — Компанијата Сони (Sony) и ФИФА (Fédération Internationale de Football Association) објавија дека ќе соработуваат во доменот на 4К технологијата на пренос на светското првенство во фудбал во 2014, вклучувајќи ја продукцијата на официјалниот филм за Светското фудбалско првенство во 2014 во 4K Ultra HD и снимањето на три фудбалски натпревари во 4К со цел да се промовира дополнително растот на 4К содржините. Најголемиот светски фудбалски настан, ќе се одржи во Бразил од 12 јуни до 13 јули.
Сони, како официјален партнер на ФИФА нуди најразлични 4К производи, од снимање и професионални решенија, до 4К компатибилни производи за потрошувачите како што се домашни кина, видео камери овозможувајќи уникатно и сеопфатно 4К решение, од моментот на снимање преку продукција, до конечно прикажување пред крајниот потрошувач. Преку следниве иницијативи, Сони и ФИФА сакаат дополнително да придонесат кон побрзото ширење на 4К телевизијата:
– Сони и ФИФА заеднички ќе го продуцираат официјалниот филм за светското првенство во фудбал во 2014 година (“Official 4K Film”). Филмот ќе содржи избор на натпревари, вклучувајќи го и финалето. Официјалниот 4K филм ќе биде достапен онлајн преку услугите за дистрибуција на 4К по завршувањето на светското првенство во фудбал.
– ФИФА ќе ја користи професионалната 4К опрема од Сони во рамките на 4К системот за пренос во живо на светското првенство во фудбал 2014 за да сними еден натпревар од 8-мина финалето (кој ќе се одржи на 28 јуни), еден во четврт финалето (на 4 јули) и финалето (на 13 јули) на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро. Сони ќе обезбеди сеопфатна техничка подршка за ФИФА, вклучувајќи го и развојот на 4К системот за пренос во живо. Производите и решенијата на Сони како CineAlta™ 4K камерата “PMW-F55”, 4К аудио-видео складиштен уред со повеќе портови „PWS-4400“, 4К LCD монитор „PVM-X300“ и 4К повеќе форматен свич “MVS-7000X” ќе бидат искористени за снимањето на филмот за светското првенство во фудбал во 2014. Снимениот 4К материјал ќе биде вклучен во Официјалниот 4К филм.
– На некои од комерцијалните изложувања на Сони кои ќе бидат лоцирани на дел од стадионите каде што ќе се одржува првенството, како и на “FIFA Fan Fest™” настаните кои ги организира ФИФА во Бразил, посетителите ќе можат да уживаат во промотивните реклами за Официјалниот 4К филм, продуциран со 4K/60P со т.н. „match action“.
– Ширум светот, гледачите ќе можат да уживаат во 4K/60P промотивните реклами за Официјалниот 4К филм на 4К компатибилните БРАВИА телевизори во изложбените салони и продавниците на Сони.
Соичи Кавачи, потпретседател кој е задолжен за партнерството со ФИФА во Сони изјави: „Возбудени сме поради можноста да понудиме едно целосно ново искуство на гледање на најважниот спортски настан во светот, светското првенство во фудбал. Со користење на нашата врвна 4к технологија и нашите висококвалитетни производи и решенија преку партнерството со ФИФА, ќе овозможиме едно уникатно искуство пренесувајќи ја возбудата на натпреварите во Бразил со таква длабочина и живост какви што само високата дефиниција на 4К може да ги обезбеди.”

 
“FIFA има долга традиција на воведување иновации при пренос на нашите водечки натпревари, со цел да им го обезбедиме на нашите гледачи ширум светот најдоброто покривање на натпреварите и најдоброто искуство,” изјави директорот за ТВ на ФИФА, Никлас Ериксон. “Возбудени сме поради можноста да работиме со Сони на воведување на 4К технологија во нашите планови за пренос на натпреварите. 4К ќе им овозможи на обожавателите ширум светот скок во една сосема нова димензија на гледање и ќе ја отпочне новата ера на пренос на спортот.”
На светското првенство во фудбал 2014, Сони и ФИФА ќе се повикаат на техничката стручност која што е стекната со сеопфатни 4К пробни снимања, со цел да се фати секој незаборавен момент, како и брзината, моќта и возбудата на првокласната фудбалска акција која што се случува на теренот. 4K технологијата ќе обезбеди повеќе динамика на головите, посуптилен израз на лицата на играчите како и страста на обожавателите на стадионот кои ќе бидат снимени со живост невидена до сега, давајќи му чувство на гледачот како да се наоѓа на самиот стадион. Гледајќи кон иднината, Сони и ФИФА ќе ги здружат своите напори во однос на 4К со цел да ги пренесат акцијата и емоциите на светското првенство во фудбал 2014 на што повеќе луѓе ширум светот.
Сите активности на Сони поврзани со светското првенство може да се најдат на “One Stadium” веб страната: https://football.sony.net (#onestadium)
За ФИФА
Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) е најголемото светско тело за фудбал кое се состои од 209 фудбалски асоцијации ширум светот, групирани во 6 конфедерации. Активностите на ФИФА се многу подалекусежни од нејзината улога како чувар на фудбалот и широкиот спектар на меѓународни натпревари, предводени од светското првенство во фудбал: Од приходите кои ФИФА ги добива од преносот на светското првенство, и други комерцијални партнерства, инвестира речиси 550,000 долари секојдневно во развојот на фудбалот на секое ниво во 209-те членки асоцијации, со цел да овозможи најразлични натпревари за младинци и сениори како и да подржи проекти за општествен развој како што се Фудбал за надеж (Football for Hope).
За повеќе информации за ФИФА, развојот на фудбалот и општествените проекти, како и за натпреварите особено за светското првенство во 2014 во Бразил може да го посетите официјалниот веб сајт: www.FIFA.com.
За компанијата Сони
Сони е водечки производител на аудио, видео, игри и комуникациски уреди како и производи за информатичко-комуникациски технологии за потрошувачите и за професионалците. Со музиката, сликите, компјутерската забава и онлајн бизнисите, Sony е единствено позициониран да биде водечка компанија за електроника и забава во светот. Сони забележа годишни приходи од $72 милијарди за фискалната година која завршува на 31 март, 2013. Глобалниот веб сајт на Сони: https://www.sony.net/Токио, Јапонија — Компанијата Сони (Sony) и ФИФА (Fédération Internationale de Football Associatio

loading...
Loading...