Sony ужива рекорден успех на TIPA наградите за 2016 година

Sony освои рекордни пет награди на овогодинешните награди за најдобри фотоапарати кои ги доделува организацијата TIPA (Technical Image Press Association).НАЈДОБАР DSLR ВО ОСНОВНАТА КАТЕГОРИЈА  α68
Sony α68 има 24.2MP APS-C Exmor CMOS сензор со ISO опсег од 100- 25,600. Неговиот 4D FOCUS TM систем користи АФ сензор со 79-точки за фазна детекција со 15 вкрстени точки. Има прецизен фокус дури и при слаба осветленост од -2EV, а дополнително има и контрастно АФ следење на 8 кадри во секунда. За љубителите на видеа, α68 може да сними видеo со висока резолуција (Full HD) во XAVC-S формат со брзина до 50 Mbps и непрекинат авто фокус со прецизно следење на фокусот. Од останатите карактеристики, овој модел се содржи стабилизација на сликата преку SteadyShot Inside, OLED Tru- Finder TM со 100% покриеност на сликата и LCD монитор од 2.7-inch со завртување. Повеќе информации за α68 може да се најдат на следниот линк.
НАЈДОБАР ПРОФЕСИОНАЛЕН CSC ФОТОАПАРАТ БЕЗ ПРИЗМА: α7R II
Sony α7R II има 42.4MP “Full-frame” Exmor R TM CMOS сензор вграден во тело од магнезиумска легура. Опремен е со хибриден АФ систем со 399 вклучени сензорски точки за детекција и 25 точки за детекција на контраст кои овозможуваат фотографирање со брзина од 5 кадри по секунда со целосен AF и AE. Моделот α7R II може да снима 4K видео со внатрешна обработка и снимање, како и Full HD (1080p) видеа со NTSC или PAL на 60p/30p/24p или 50p/25p со користење на XAVC S формат со висок битрејт. Овој фотоапарат нуди целосно прилагодливи контроли за бои и гама, вклучувајќи ги и истите SLog2 и S-Log3 гама криви кои може да се најдат во професионалните фотоапарати од Sony. ISO-то има опсег од 100-25,600, со можност за проширување кое се движи од ISO 50 до 102,400. Повеќе детали за α7R II може да видите на следниот линк.
НАЈДОБАР CSC ПРИМАРЕН ОБЈЕКТИВ: SEL85F14GM
Објективот на Sony, моделот FE 85mm F1.4 GM со целосна рамка има нов XA (екстремно асферичен) елемент заедно со три ED (екстремно ниска дисперзија) елементи кои може да обезбедат фасцинантна комбинација на екстремно висока резолуција на фокусирани делови со префинета, мека текстура во позадина. Објективот има кружна бленда со 11 листови плус нано анти- рефлексен слој од Sony, со цел да ја намали појавата на одблесок, односно двојна слика. Користи податочна единица во форма на прстен ССМ (Супер Соничен Брановит Мотор) за придвижување на фокусот и два позициони сензори со цел да ја зголеми контролата на фокусот. Поради тоа што е составен од 11 елементи во 8 групи, објективот е отпорен на влага и прашина. Повеќе информации за SEL85F14GM може да најдете на следниов линк.
НАЈДОБАР КОМПАКТЕН ФОТО АПАРАТ ЗА ЦЕЛОСНА СЛИКА: RX1R II
Делејќи го истиот 42.2 MP сензор и BIONZ X процесор на слика со Sony α7R II, моделот RX1R II има интегрален ZEISS ® Sonnar T* 35mm f/2 објектив. Сензорот има импресивни 399 АФ точки за фазна детекција кои поврзано работаат со 25 контрасни АФ точки за да постигнат брз и ефективен фокус. Овој фотоапарат го содржи првиот оптичко варијабилен нископропусен филтер во светот кој може да се исклучи или да се постави на стандарден или висок, со групирање на нископропустливиот филтер за којшто исто така постои можност. Гледањето е преку електронски окулар составен од четири стаклени елементи или преку ЛЦД екран од 1.2 милиони точки со завртување и големина од 7.5 см. Апаратот може да испорача видео со висока Full HD резолуција со избор на различен број на слики во секунда. Повеќе информации за RX1R II може да најдете на следниов линк.
НАЈДОБРА АКЦИОНА КАМЕРА: HDR-AS50
Sony HDR-AS50 е издржлив и лесно пренослив POV апарат со тежина од околу 58g и димензии од само 2.42 x 4.7 x 8.3 см. Моделот е исто така водоотпорен и може да се користи на длабочина до 60 метри. Истиот може да се поврзе со новото далечинско за управување во живо со целосно функционални команди на камерата, која може да се постави речиси секаде па дури и на згобовите. Камерата има SteadyShot стабилизација на сликата, нешто што е задолжително за снимање на акција, 4K „Time-Lapse“ снимање, подобрено снимање во висока Full HD резолуција, вграден стерео микрофон и ZEISS ® Tessar објективи. За поголема возбуда аголот на гледање може да варира од “широк” до ”тесен” во две нивоа, а дополнително зум опцијата е достапна и за време на снимањето. Повеќе информации за HDR-AS50 може да видите на следниов линк.НАЈДОБАР DSLR ВО ОСНОВНАТА КАТЕГОРИЈА  α68
Sony α68 има 24.2MP APS-C Exmor CMOS сензор со ISO опсег од 100- 25,600. Негови

Пронајдете не на следниве мрежи: