четврток, 26 ноември 2026
Најново

Сообраќајка на патот Пробиштип-Крупиште: Повредени се две лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во 14.15 минути на регионалниот пат Пробиштип-штипско село Крупиште.Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила меѓу товарно возило-комбе марка „Фолксваген“ и автомобил марка „Шкода фабиа“ и двете возила со скопски регистерски таблички.
Во несреќата повредени се 39 годишниот возач од Штип и неговиот сопатник во „Фабиата“, кои со Итна медицинска помош од Пробиштип се пренесени во Клиничка болница-Штип.
– Несреќата се случила во 14 часот и 15 минути на регионалниот пат Пробиштип- Крупиште кај местото викано „Киселиц“. Увидот на нашите екипи е во тек за утврдување на причините на несреќата. Очекуваме од Клиничката болница во Штип да не информираат за карактерот на повредите на двете лица во несреќата, вели Панајотова.Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила меѓу товарно возило-комбе марка „Фолксваген“ и автомоби

Поврзани вести