Соочувањето на СДСМ со вистината поздравено од останатите партии

Вчера многумина беа сведоци на признавањето на СДСМ и отстапувањето од лажните обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ преку кражба на гласови победило на последните избори. Од СДСМ не сакаа да коментираат, ниту да образложат зошто целата држава беше држена во заложништво и два пати се одлагаа изборите, пишуваат медиумите.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивниот партиски став од самиот почеток бил дека обвинувањата на опозицијата биле аспсурдни, граничеле со здравиот разум и биле плод на стравот на СДСМ од соочување со граѓаните. Разликата меѓу двете партии од околу 200 000 гласа, кога се одржува години наназад е највеќе заради разликата во квалитетот на понудата и спротиставувањето на концептот на проекти и реформи со концептот на деструкција.
Партиите на Албанците кои беа исконтактирани коментираат дека за нив е најважно тоа што СДСМ се согласил избирачкиот список да остане практично ист. Воопшто не е спорно што повеќе од 150 000 Албанци ќе бидат обележани со ѕвездичка, бидејќи тие го задржуваат правото на глас, а само ќе треба да се изјаснат каде ќе гласаат на денот на изборите, во Македонија или во дипломатско конзуларните претставништва. Од албанските партии велат дека така било и до сега. Во однос на бројот од околу 42.000 граѓани кои треба да се проверат, од ДУИ и ДПА велат дека веднаш ќе тргнат со засилени активности на терен за да ги анимираат Албанците да се запишат во избирачкиот список, бидејќи и во оваа категорија што ја спори СДСМ, повторно најголемиот дел се Албанци од 6 изборна единица кои не биле најдени дома. Забелешката на албанските партии е дека дури и да не успеат да ги пронајдат и анимираат луѓето во предвидениот рок за активна регистрација, им останува можноста тоа да биде сторено дента кога ДИК ќе го стави на увид Избирачкиот список.
Од овие причини се очекува четирите партии денеска да ги доближат ставовите околу избирачкиот список после вчерашното признание на СДСМ кое беше проследено со потсмев. Дел од компромисот за денешната средба бил и да не биде напаѓан СДСМ со прашања зошто избегаа во два наврати и бараа да се одложат изборите кога цело време знаеле дека гласовите со кои ги победи ВМРО ДПМНЕ воопшто не се спорни. Над 80% од гласачите кои ги спори СДСМ се Албанци од шестата изборна единица и уште 10-тина отсто припадници на другите етнички заедници. ВМРО ДПМНЕ во ИЕ6 на последните избори освои околу 26000 гласа, односно 4 пратеници, што е многу далеку од бројката што ја спори СДСМ. Доколку СДСМ биле во право, според математиките би требало ВМРО-ДПМНЕ да ги победи ДУИ и ДПА во Тетово и Гостивар со 15 пратеника против 5. Напредокот кој е постигнат со признанието на СДСМ во голема мера ја релаксирало атмосферата на разговорите меѓу партиите и отворило простор за дијалог околу пакетот закони за медиуми. Овој пакет според наши извори е во голема мера договорен меѓу партиите. Единствено нешто за кое не е постигната согласност е принципот на казнување, бидејќи единствено СДСМ се залагале за воведување на нови критериуми што од друга страна може да бидат вовед во цензура и автоцензура.
И вчерашниот дебакл на протестите придонесе во опуштање на атомсферата: иако се најавуваа најмасовни протести до сега, се собраа единствено неколку стотини граѓани. Со тоа веројатно паднаа маските за некаква масовност или некаква револуција и се покажа дека нема поддршка за насилна промена на власта или влегување во владата без мандат добиен од граѓаните на избори.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивниот партиски став од самиот почеток бил дека обвинувањата на опозицијата биле аспсурдни, граничеле со здравиот разум и

Пронајдете не на следниве мрежи: