Соопштение на Централниот комитет во јануари 1903

Тајниот Централен Македонско-Одрински комитет е задолжен од сите раководители на револуционерните реони во земјата и од сите видни дејци на Тајната Македонско-Одринска организација да ве извести за следното:1. Т.Ц.М.О. организација реши да подигне во скоро време, годинава, востание во Македонија и Одринско и да се бори со сите средства, додека не извојува човечки права за робот.
2. Организацијата ги осудува стремежите на сите официјални и неофицијални фактори во Бугарија, кој мимо нејзината согласност се грижеле и грижат да го вовлечат народот во востание; затоа што тие фактори свесно или несвесно ја поткопувале и ја поткопуваат од основа каузата на македонско-одринскиот роб, кога со своите дејствија му давале на борбата колорит на надворешно поттикнување – состојба толку силно експлоатирана од Турција и европската дипломатија.
3. Организацијата гласно изјавува, дека до денот на востанието ќе се бори со сите комитети, здруженија или други лица, кои со своите постапки би ја присилиле да се фрли пред време во нерамна борба и би го расипале планот за дејствување. Таа ќе води сметка за сите оние, кои по кави и да е причини и влијанија би посакале да ја искористат борбата на робот за други цели а не за подобрување на неговата судбина.
4. По објавувањето на востанието, сите борци, готови да го попткрепат робот во нерамната борба, ќе бидат пречекани со отворени прегратки. Меѓутоа, пожелно е сите борбени сили да стапат во претходна согласност со Организацијата.1. Т.Ц.М.О. организација реши да подигне во скоро време, годинава, востание во Македонија и Одринско и да се бори со сите средства, додека не извој

Пронајдете не на следниве мрежи: