Ѓорѓе Балашевиќ голем дел од своите песни и ги посветува на својата сопруга Оливера, но можеби најчувствителна е „Провинцијалка“. Сеќавањето на соба 212, забавувањето и првата вистинска љубов, ги освежила со посетата на студентскиот дом, па така Оливера ја раскажа долго чуваната тајна како настанала песната која сите многу ја сакаат.
-Тој тврди дека таа песна е поврзана со оваа соба. Јас знам дека на масата читав белешки од предавања, спремав испити и често гледав низ прозорецот чекајќи кога ќе се појави. Тогаш немаше мобилни телефони, па Ѓоле доаѓаше под прозорец. Тоа свиркање го користи и денес кога некаде ќе залутаме во некој град или трговски центар. Кога ќе го слушнев неговото свиркањe со брзина на светлината трчав низ ходникот за да го видам, така настанала таа песна на убав начин, раскажала Оливера.Сеќавањето на соба 212, забавувањето и првата вистинска љубов, ги освежила со посетата на студентскиот дом, па така Оливера ја раскажа долго чувана



