Сопругата на Џорџ Клуни би можела да се најде зад решетки!

Амал Aламудин, експерт за човекови права и сопруга на познатиот холивудски актер Џорџ Клуни, тврди дека египетски функционери ѝ се заканувале со апсење.Таа тврди дека таквите предупредувања ги добила при изработката на извештајот за состојбата со египетскиот правосуден систем и сугестиите тој да биде независен од политиката и власта.
Во нејзиниот извештај се критикува правосудството, инсистирајќи дека токму неговата состојба го објаснува апсењето и осудувањето на тројцата новинари за Ал Џезира, обвинети за поврзаност и врски со забранетото „Муслиманско братство“.
„Функционерот“, кого таа не го именува, ја предупредил да не доаѓа во Каиро, бидејќи може да биде уапсена доколку во нејзиниот извештај се „критикуваат армијата, правосудството и Владата“. Извештајот во меѓувреме беше објавен и никој не е уапсен.
Амал, која стана позната низ светот по нејзината гламурозна свадба минатото лето во Венеција со Џорџ Клуни, објаснува дека е ангажирна од Мохамед Фахми, првообвинет од тројцата новинари на катарската телевизија, осудени за тероризам во Египет.
Фахми ја ангажирал Аламудин да го застапува неговиот случај, незадоволен од работата на адвокатот што го има ангажирано Ал Џезира.
Тројцата дописници на оваа телевизиска компанија во Каиро беа уапсени во декември 2013 година за помагање на една терористичка организација.Таа тврди дека таквите предупредувања ги добила при изработката на извештајот за состојбата со египетскиот правосуден систем и сугестиите тој да би

Пронајдете не на следниве мрежи: