Сопругата на Кили во паника: „Се плашам дека ќе му се случи најлошото!“

На Кили треба да му се дозволи соодветен здравствен третман, вели неговата сопруга, кореографката Гордана Деан-Поп Христова. Таа пред неколку денови го посетила Кили и тој се жалел на болки, а бил и видно ослабен, пренесува весникот „Вест“.- Од интернет дознав дека Кили е уапсен. Од интернет дознав дека брат му сакал да му помогне. Од интернет дознав дека го носат од Шутка во болница на некои прегледи и го враќаат. Не е фер, навистина не е фер. Јас сум му сопруга и треба да знам што се случува. Она што јас морав како сопруга да го направам, вклучувајќи го и Хелсиншкиот комитет, го направив. И Народниот правобранител ми вети дека ќе го посети – вели сопругата на Кили.
Таа стравува за животот на актерот, бидејќи, како што вели, во затвор не може да добие соодветен медицински третман.
– Нему, освен лекар, не може никој друг да му помогне. Тој има голем израсток на грбот, што пенетрира накај срцето и белите дробови. Навистина му е лошо. Не дај боже, да му се случи нешто. Потресена сум и разочарана. Доколку не добие соодветен лекарски третман, не сакам ни да помислам дека може да му се случи најлошото – вели Гордана, пренесува Либертас.
Сопругата на Кили вели дека тој се жалел дека рацете му отрпнуваат, оти има болки и тешко дише. Неговиот адвокат Владимир Данаилов пред десетина денови поднесе барање до Основниот суд Скопје 1 за промена на решението за притвор во мерка домашен притвор. Како аргумент, до истражниот судија приложиле медицинска документација, со која се докажува дека актерот Поп Христов е со сериозно нарушена здравствена состојба и оти му е потребно итно лекување.
Актерот Кирил Поп Христов, веќе 20-ина денови е во притвор во Шутка, откако во полициска акција беше уапсен, поради тоа што, во подрумот од својата викендичка во Визбегово, одгледувал околу 80 саксии марихуана.
Извор: Хит Портал- Од интернет дознав дека Кили е уапсен. Од интернет дознав дека брат му сакал да му помогне. Од интернет дознав дека

Пронајдете не на следниве мрежи: