Сопругот осомничен за убиството на жената во Битола

Oсновното јавно обвинителство – Битола до судија на претходна постапка при Основен суд – Битола достави Предлог за определување на мерка – притвор против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик.-Предлог е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот на 13.03.2017 година,  поради претходно нарушените меѓусебни односи, во дневната соба од заедничкиот дом со вршење на семејно насилство ја лишил од живот оштетената – неговата сопруга Е.М.Д. од Битола. Осомничениот со повеќе удари со тапи тврди средства – дрвени сукала ја удирал по главата оштетената нанесувајќи и повеќе повреди, од што настапил смртен исход, информираат од обвинителството.
Постапката по наведената кривична пријава е во тек.-Предлог е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот на 13.03.2017 година,  поради претходно нарушените меѓусебни односи

Пронајдете не на следниве мрежи: