Соработникот на Спасовски кој делеше дрва на Ромите и претходно осудуван за измами и криминал

СДСМ како многу пати до сега, повторно се фрли во акција за поткупување на гласови, овој пат преку свои НВО како и здружување со лица со криминално досие.На една недела пред изборите, СДСМ поткупува гласови на Роми во Куманово, преку делење дрва за огрев. Ромите кои биле посетени од таа невладина организација тврдат дека СДСМ стои зад оваа акција, додека пак невладината организација се користи како параван за да се покрие поткупот на гласачи.
Информациите од МВР до кои дојдовме потврдуваат дека во склад за дрва во Куманово на ромски семејства им се делат дрва за огрев. Лицата од невладината организација кои се претставиле како хуманитарно здружение „Романо Пралипе“ тврделе дека за акцијата која ја спроведувале во моментот имале проект за што бил запознаен и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, дотолку повеќе што со истиот имале договорена средба веќе за 5 декември, на која требало да биде потпишан договор не само за овој, туку и за други проекти.

Проектот кој требало да го спроведе невладината организација, а всушност е купување на гласови, предвидувало делење на 300 кубни метри дрво на 150 ромски семејства. Само во петокот ден биле поделени 66 кубни метри дрва на 33 семејства од ромска националност.

Казим М. кој е еден од лицата на кои им биле дадени огревни дрва, вели дека со партиска книшка од СДСМ на која со друго пенкало си го има допишано матичниот број, се легитимира. Истакнува и дека кога од СДСМ биле во посета на нивното маало им било речено „да не се секираат за ништо бидејќи сега полицијата е под СДСМ“.
Според информациите, се повикуваат лицата кои добиле дрва, истите се фото документираат и одземаат со потврда за привремено одземени предмети, а ќе се разговара и со лицата кои не добиле дрва. За се’ е известен јавен обвинител и се работи по негови насоки.
НВО „Романо Пралипе“ со криминални раководители
„Журнал“ дознава дека раководителот на невладината организација „Романо Пралипе“, Мемиш Гарп, инаку човек близок до раководството на СДСМ претходно бил осудуван за измами и криминал.
За поврзаноста на Мемиш Гарп со раководството на СДСМ сведочат овие фотографии, според кои може да се заклучи дека техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски добро се познава со него, како и партискиот портпарол Петре Шилегов.

Најмалку 5 години затвор за лице кое дава поткуп за време на избори
Според Казнениот законик, на лицето кое дава поткуп при избори и гласање му се заканува затвор од најмалку 5 години.

 На една недела пред изборите, СДСМ поткупува гласови на Роми во Куманово, преку делење дрва за огрев. Ромите кои биле посетени од таа невладина орг

Пронајдете не на следниве мрежи: