Сораја ја бараат поради убиство, а таа ја напушти Србија

Инспекторите од Бар веќе некое време се обидуваат  да ја сослушаат Сораја поради  смртта на Армин Османагиќ бидејќи се сомневаат дека прикрива докази.Сораја Вукелиќ вчера го напуштила Белград и заминала во Барселона откако црногорската полиција распишала потерница  по неа во рамките на истрагата за убиството  за Бранислав Армин Османагиќ.
Поранешната учесничка на „Големиот брат“  пред два месеци била сослушана во Белград, но, полицијата  во Бар се сомнева дека таа крие важни работи, но никако не можеле да ја добијат на телефон. Тие се сигурни дека таа знае нешто  бидејќи седела  со покјниотАрмин во неговиот ресторан пред да биде убиен со снајпер. Сораја по убиството тврдела дека само го познавала и дека нема што да каже.
Во текот на вчерашниот ден  на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, била забележана Сораја, која била прилично расположена и задоволна. Како што дознаваат српските медиуми, таа заминала во Барселона, каде ќе остане неколку  дена. Сораја без страв ја искоментирала  веста за своето апсење.
„Видов на порталите дека наводно по мене е распишана потерница и само ќе кажам дека тоа не е вистина. Некој ми ги мести тие приказни, а јас не можам да ги држам медиумите под контрола. Се што имав да кажам и кажав на полицијата во Белград, а вие слободно побарајте ја полицскатга станица во Бар за да ја проверите информацијата. Сите знаат каде живеам, кој број го користам и каде можат да ме најдат. Нема подтреба да се кријам од никого“, изјавила Сораја.Сораја Вукелиќ вчера го напуштила Белград и заминала во Барселона откако црногорската полиција распишала потерница  по неа во рамките на истра

Пронајдете не на следниве мрежи: