Сорорс со пари на американската влада ја дестабилизира Македонија

Соединетите Американски Држави на Соросовите организации им дале милоини долари за дестабилизација на македонската влада, тврди организацијата Judicial Watch.Видна американска невладина ревизорска организација, која бдее над дел од американската влада, дала извештај, во кој сојузните институции ги обвинува за соучесништво со левичарскиот милијардер Џорџ Сорос за употреба на парите од американските даночни обврзници за дестабилизација на конзервативната македонска влада.
Преку американскиот Стејт департмент и USAID, организациите кои во Македонија ги поддржува Сорос, од 2012 г. добиле 5 милиони долари, пари на американските даночни обврзници. Агенцијата за вмешување во работата на македонската влада резервирала вкупно 9,5 милиони долари, тврди Judicial Watch.
Бидејќи е тешко да се дојде до податоци за паричните токови на американското министество за надворешни работи, Judicial Watch поднела барање за разоткривање во склад со законот за слободни информации. Организацијата бара и целосно разоткривање на употребените пари за Македонија од страна на USAID, со оглед на тоа што бројките што ги добил Judicial Watch од разни извори во САД се непотполни.
Добиените податоци се доказ дека, владата на САД тајно дала милиони долари, пари на американските даночни обврзници, за дестабилизација на демократски избраната десноцентристичка влада на Македонија. При тоа соработувала со левичарскиот милионер Џорџ Сорос, тврди Judicial Watch. Со тоа американскиот Амбасадор во Македонија ја крши Виенската конвенција за дипломатски односи.
Македонија во изминатиот период ја потресуваа насилни протести, кои преку поддршката на невладините организации ги контролира Соросовата фондација Open Society, се повикува Judicial Watch на свои извори. Исто така и членови на американскиот конгрес пројавиле интерес за случувањата и бараат одговори од американскиот Амбасадор Бејли, од USAID и од министерсвотото за надворешни работи.
Според мислењето на Judicial Watch, Соросовото вмешување беше иницирано од изградбата на оградата на Македонско-Грчката граница,со која владата на Премиерот Никола Груевски сакаше да го сопре протокот на мигранти.
*Ревија Репортер, СловенијаВидна американска невладина ревизорска организација, која бдее над дел од американската влада, дала извештај, во кој сојузните институции

Пронајдете не на следниве мрежи: