Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (43), пронајде нова љубов во прегратките на поранешниот српски голман Игор Којиќ (28), пренесе магазинот „Стори“.„Вљубена сум до уши. Сега ми се чини дека трае цел живот“, рекла пејачката.
Инаку, станува збор за синот на пејачот Драган Којиќ Кеба.
Северина била свршена вкупно пет пати. Првиот маж кој го освои нејзиното срце беше пејачот на групата „Којоти“, Ален Марин. Биле заедно во 90-тите, а раскинале без поголеми скандали.
По раскинувањето со Ален, пејачката кратко се забавувала со тајкунот Милан Лучиќ. Од него на дар добила коњ, а запаметен е и „филмот“ кој го снимија на јахтата. Кога „филмот“ во 2004 година ја здогледа светлината на денот, Северина била свршена за претприемачот Среќко Варгек, кој ѝ даде целосна поддршка во тој момент. Но, кога сакала филмот да го заштити како авторско дело, тој се налутил, ја нарекол дека е производ и ја оставил.
Две години подоцна, таа ја пронашла љубовта со Мате Чуљко. Заедно биле година ипол дена, Мате ја запросил, а таа му одговорила дека радо би се омажила за него. Раскинале неколку дена пред нејзиниот 35-ти роденден.
Потоа започнала врска со Славко Шајиновиќ во 2008 година. Тие се свршиле и почнале да го градат заедничкиот дом над Ичиќ, но таа го оставила по две ипол годишна врска заради српскиот крал на бакарот Милан Поповиќ, во кој се вљубила додека му пеела на роденденската забава. Тие се свршиле, а во 2012 година им се родил синот Александар (3). Раскинале една година подоцна.
„Вљубена сум до уши. Сега ми се чини дека трае цел живот“, рекла пејачката.
Инаку, станува збор за синот на пејачот Драган Који



