Катарина Живковиќ неодамна доживеала непријатност бидејќи крадец упаднал во станот Во Земун кој го купила пред неколку месеци. Пејачката таа ноќ не била дома, туку на приватна забава каде пеела, па ја избегнала средбата со оној кој се обидел да ја ограби. Провалникот останал со празни раце бидејќи грабежот го спречила сосетката на Каќа која видела сомнитена личност и почнала да вреска.„Се се случило по полноќ. Станот на Каќа е на прв спрат, а провалникот скокнал на терасата и ја обил вратата од сплната соба. Сосетката која се нашла на својот балкон, го видела и почнала да вреска, што го исплашило.
Скокнал од терасата, влегол во автомобилот и избегал. Жената која видела се веднаш повикала полиција, а потоа и Каќа, која стигнала за 20 минути до станот“, вели пријателот на пејачката и додава:
„Провалникот не однел ништо, како што бегал, оставил се на терасата. Во црна кеса имало пари и накит кои планирал да ги однесе. Полицијата излезе на лице место, Каќа и нејзината сосетка дадоа изјава, по што пејачката отиде да спие кај пријателка. Утредента купила камери за целата зграда, а својот стан посебно го обезбедила“, вели изворот.
Каќа не крие дека се нашла на мета на провалници, но не сака да прави медиумска сензација од тоа.
„Точно е дека ми се случи тоа, но не сакам да коментирам за тоа. Чекам полицијата да го реши сето тоа. Го обезбедив станот и благодарна сум им на соседите за се, ги обожавам“, рекла Каќа.
Инаку, Катерина од парите кои ги добила како победничка на реалити шоуто „Фарма“ си купила стан. Пејачката во неколки наврати истакнала дека откако се вдомила се повеќе ужива во домашната атмосфера отколку во излегувањата.
Потполно се посветила во уредувањето на животниот простор и поради тоа уште полошо и паднало тоа што некој упаднал во нејзиниот дом.„Се се случило по полноќ. Станот на Каќа е на прв спрат, а провалникот скокнал на терасата и ја обил вратата од сплната соба. Сосетката која



