SP: Ќе ни „тргне“ во Новата година – со средба Мицкоски – Ахмети?

Во јануари сериозно ќе се ангажираме за да обезбедиме Бадентер за избор на Народниот правобранител, но и за сите закони за кои е потребен за да не добиеме непотребно забелешки од ЕУ. Дали лидерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со лидерот на ДУИ или преку пратеници ќе разговараме, е работа на стратегија. Не исклучуваме да има разговори на лидерско ниво, вели за „Слободен печат“ висок владин функционер.

Средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети можно е да го одбележи почетокот на новата 2026 година. Не се исклучува можноста Бадентеровото мнозинство за избор на народен правобранител, но и за неколку законски решенија, Мицкоски да го договара директно со Ахмети, брифира за „Слободен печат“ висок владин функционер.

Пронајдете не на следниве мрежи: