Спасовски признава дека Тиранската платформа е жива

И генералниот секретар на социјалдемократите Оливер Спасовски признава дека постои Тиранската платформа и дека таа е жива и покрај гаранциите кои Зоран Заев ги достави до претседателот на државата за да го добие мандатот за формирање на влада. Во тв дуел со Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, прашан за тоа далли е жива тиранската платформа со тоа што албанските партнери на Заев потврдија дека таа постои и дека ќе биде имплементирана во програмата за влада, Спасовски потврди дека таа постои, но дека „секој има свои ставови, но сите заеднички мора да се договориме за Република Македонија“.
Тодоров во „Само вистина“ на ТВ Канал 5, коментирајќи за Тиранската платформа како основа за формирање на влада, рече дека токму тоа ќе е основата на владата.
-Оваа влада ќе биде заснована на таа Тиранска платформа. Ќе видиме од програмата која ќе ја достават. Но, имаме ситуација со која 20 пратеника од албански блок, заземаат ист став по национално прашање. Целиот процес почна кога 20 пратеници го подрија мултикултурализмот во земјата со тоа. 100 пратеници се условени од 20 пратеници, и тука не зборам Албанци спроти Македонци, туку спроти сите други заедници. 20 пратеници имаат декларација заверена во кабинет на премиер на туѓа држава со мапа на голема Албанија. Премиер на туѓа држава диктира како ќе се направи влада во Македонија. Имаме ситуација во која се случи и сериозно ја продлабочи кризата во Македонија, и во неа има геноцид и се друго.
Според Спасовски, тиранската платформа била само „пропаганда“, за потоа да каже дека таа постои и е објавена.
-Изјави, платформи, декларации имаат политичките субјекти, но основа за владината програма е нашата програма. Што се однесува до тиранската платформа, тоа беше основа за пропаганда дека ВМРО- ДПМНЕ ја зачувува Македонија, а другите се предавници. Не слушнавме ниту збор за неа додека ВМРО- ДПМНЕ преговараше со ДУИ- рече Спасовски, но на прашање дека сите партии на Албанците во Македонија посочија дека не се откажуваат од неа, тој го потврди нејзиното постоење.
-Како декларација таа постои и е објавена. Секој има свои ставови, но сите заеднички мора да се договориме за Република Македонија- вели Спасовски, кој се обиде да наметне теза дека нивната програма како основа ќе ги обедини коалициските партнери, иако албанските политички субјекти наглчасија дека тиранската платформа ќе биде дел од програмата на новата влада.Во тв дуел со Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, прашан за тоа далли е жива тиранската платформа со тоа што албанските партнери на Заев потврдија дека т

Пронајдете не на следниве мрежи: