Спасовски: Во голема акција на МВР уапсена група која кажувала вицеви за Заев и Зекири со малиот пенис

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа бомбастична прес-конференција на која соопшти спектакуларна вест: конечно во вториот мандат како технички министер за внатрешни ја имал својата прва успешна акција.„Синоќа околу 23:30 часот по наредба на министерството за внатрешни работи на клупа во паркот во Прилеп од страна на припадници на единиците на СВР Прилеп била пресретната опасна група од 7 лица во која се кажувале вицеви за политичари, поконкретно за лидерот на СДСМ Зоран Заев и за поранешниот независен новинар со мал пенис Мухамед Зекири, како што дознавме од случајни минувачи воедно и шпиуни. Групата веднаш била пресретната, неутрализирана и приведена во полициска станица каде е задржана на понатамошно испитување“, соопшти Спасовски.
„Повеќе детали за акцијата не можам да ви соопштам во моментов, освен дека е доказ за успешноста на МВР под мое раководство и воедно е најава дека МВР и во иднина ќе реагира и ќе ги апси сите кои не се придржуваат на забраната за сарказам и иронија која е на барање на СДСМ и мора да се спроведе!“, додаде Спасовски.
СДСМ вчера, по примерот на своите идеолошки браќа од Северна Кореја, побара да се забранат сарказмот, иронијата и вицевите на сметка на нивните политичари. Оваа акција на Спасовски и МВР, која е прва во повеќе од 7 месеци во кои Спасовски раководи со министерството, е доказ дека СДСМ на чело на МВР има сериозна намера да им стави крај на шегите на сметка на политичарите.
Спасовски на крајот на прес-конференцијата објасни дека и политичарите кои се шегуваат на своја сметка исто така ќе може да бидат уапсени и да одговараат пред законот според новите забрани воведени од СДСМ.
Извор:Република„Синоќа околу 23:30 часот по наредба на министерството за внатрешни работи на клупа во паркот во Прилеп од страна на припадници на единиците

Пронајдете не на следниве мрежи: