СПИЕВ СО ПРОФЕСОРОТ: Тој имаше 40, јас 17 години, маж кој го посакував…

„Спиев со возрасен, моќен маж кој го посакував“, го раскажува своето искуство една читателка на британски „Guardian”.Сè започна пред десет години. Јас имав 17, а тој 40 години. На почетокот сè беше многу невино – налетував на него на пауза, зборувавме за Епот за Гилгамеш или за нешто слично.
Невино флертуваше со мене околу една година, сè додека една вечер не повика неколкумина од нас учениците во неговата канцеларија која изгледаше таван над салата за физичка култура. Пиевме, пушевме трева, па повторно пиевме. Одеднаш, останавме само ние двајца во просторијата, на трошниот кауч. Опкружени со празни шишиња вино и стари книги, можете да замислите што се случи понатаму – раскажува оваа девојка.Остатокот од моето школување беше испреплетено со сексуални односи со него, и духовити, а понекогаш и опасни авантури. Тој доаѓаше на моите домашни забави, а понекогаш остануваше и да преспие. Се спријателив со неговите синови, ја запознав неговата мајка. Често организирав седенки, а една ноќ премногу се занесовме и тој беше приведен поради возење во пијана состојба, додека јас бев на местото на совозач. Тоа дури се појави на насловните страници од локалните весници.
Не ја криев врската со него од моето семејство и пријатели. Мојот татко го запозна и дури рече дека „делува како пристоен тип“, но мама не се сложуваше: „Мислам дека е ѓубре и дека е опасен“.Пријателите имаа поделено мислење – мислеа дека мојата врска со него е или прекрасна или одвратна. Што се однесува до мене, јас се забавував со возрасен маж, моќен човек кој го посакував.Една ноќ, после односот, професорот и јас јадевме ореви и пиевме црвено вино во неговиот кревет. „Дали го гледаше филмот Менхетн?“ ме праша. Во тој момент имав 20 години. Реков дека не сум го гледала и го пушти филмот.Во филмот, Вуди Ален глуми маж кој е два пати разведен и се забавува со 17-годишна девојка. Кога ја запознава со пријателите, вели: „Постар сум од нејзиниот татко, можете ли да верувате во тоа? Немам што да кријам, но… постојат неколку одвратни моменти поради кои се каам“. На крајот од филмот, девојката го остава за да го ’види светот’. „Не би променил ниедна работа кај тебе“, вели Вуди во филмот, а девојката одговара: „Не се сите на продажба“ и заминува.

Се сеќавам дека тогаш почнав неконтролирано да се чешам. Тогаш не сфатив зошто се чувствував лошо поради филмот. Сега кога пораснав, сфаќам. Гледањето на тој филм со мојот професор, ме натера да сфатам дека јас сум само играчка за неодговорен професор. Сега разбирам дека дури и тоа што тогаш ми го пушти филмот беше – игра. Сето тоа беше игра. Но, работите продолжија по својот тек.На последната година од колеџ дојде до пресврт.
Роковите за предавање на семинарските се приближуваа, не стигнував да завршам сè бидејќи целото време го поминував со него, а идејата дека тој човек ќе ме оценува беше неподнослива. Сфатив дека таа игра повеќе не ми беше забавна, морав да ја прекинам врската.Секако, бидејќи и двајцата бевме во хаос, тоа не беше дефинитивен крај – се случуваше повремено да се напиеме и да завршиме во кревет, а повремено и се слушавме.Тој се отсели, а и јас си заминав. Лекциите кои ги научив од оваа врска се трајни. Игрите на секс и моќ се возбудливи, сè додека водите сметка за своето срце и за своето его.Сè започна пред десет години. Јас имав 17, а тој 40 години. На почетокот сè беше многу невино – налетував на него на пауза, збо

Пронајдете не на следниве мрежи: