Според Брансон вработените треба да имаат дозвола да земат слободен ден кога ќе сакаат!

Милијардерот и основач на Вирџин групата Ричард Брансон е во конкуренција за најдобар шеф на сите времиња, биејќи смета дека луѓето треба да имаат можност да земат слободни денови, без прашување, кога и да посакаат, пренесува Дејли мејл.-На секој мој вработен му е препуштена одлуката за тоа дали ќе земе неколку слободни часа, или ден, недела, месец – објавил Брансон на својот блог.
Брансон објавил дека тој тип на политика успешно го спроведува во своите фирми, па сака да ги поттикне и другите компании да прекинат со броењето на годишните одмори и ограничувањето на работниците.

Според таа политика, работниците не само што можат да одморат кога ќе почувствуваат потреба, туку можат и да заминат на годишен одмор колку што сакаат и имаат потреба, а тоа не им штети ни на фирмата, ни на работата, тимот, ниту пак на кариерата.
– Имам пријател кој го примени истото во својата фирма и тие напредуваа и морално, и креативно и продуктивно – изјавил Брансон.-На секој мој вработен му е препуштена одлуката за тоа дали ќе земе неколку слободни часа, или ден, недела, месец – објавил Брансон на својот

Пронајдете не на следниве мрежи: