Според Уставот, што следува?

Република Македонија денес е соочена со најголемиот и најтежок предизвик од осамостојувањето на земјата до денес. Прифаќањето на албанската платформа од страна на СДСМ и покрај тоа што оваа партија знае и е потполно свесна дека платформата е срочена и донесена во Тирана со директно кумување на странски политичари претставува политички преседан невиден на овие простори, вели универзитетската професорка по уставно право Тања Каракамишева- Јовановска.-И покрај јавната потврда која стигна од претседателот на БЕСА дека целиот процес околу создавањето на платформата е инициран и раководен од Владата на Албанија, со што оваа партија го демантираше ДУИ дека платформата е создадена во РМ, СДСМ и натаму одлучува да остане слуга на странскиот сценарист и да биде маша за реализирање на антимакедонски цели, вели Каракамишева- Јовановска.
Од друга страна, додава универзитетската професорка, целосно е неприфатливо кукавичкото однесување на официјалните претставници на ЕУ кои решиле да замижат пред флагрантните повреди на правото на ЕУ, и на европските принципи на добрососедска политика и владеење на правото. Ставањето превез на очите на Могерини, Хан, Столтенберг и другите високи европски и НАТО претставници пред незаконското делување на Еди Рама и Хашим Тачи упатува на фактот во колку голема политичка и вредносна криза се наоѓаат ЕУ и НАТО.
-Директното мешање на официјална Тирана во внатрешните работи на Република Македонија не ја доближува ниту Албанија, ниту Косово до европските вредности и принципи, туку напротив, ги оддалечува од меѓународното право и од принципите врз кои се поставуваат меѓународните односи. Целиот процес на составување платформа на територија на друга држава, а за внатрешна употреба во Република Македонија, директно ја поткопува независноста и сувереноста на нашата држава. Ако дојде до имплементирање на точките и барањата од платформата во која било идна владина програма тоа би значело непочитување на Уставот на РМ од страна на партиите и политичарите во државата што е директна основа јавното обвинителство во државата да отвори постапка за утврдување кривична одговорност на секој инволвиран во политиката што работи спротивно на Уставот, а во насока на уривање на постојниот уставен поредок на земјата, вели Каракамишева- Јовановска.
Кој е непобитниот доказ за поведување кривична постапка за утврдување кривична одговорност? Доказот е во самото делување на партиите или лидерите кои без легитимитет даден од суверените граѓани на Република Македонија, и во целосна спротивност со Уставот и законите, наметнуваат опасни политички правила кои ја рушат независноста на државата и ја ставаат РМ во зависна и поттчинета позиција во однос на друга/и држава/и што е кривично дело.
Таа додава дека имајќи го предвид наведеното, претседателот на РМ, г. Иванов согласно Уставот и дадената свечена изјава е должен да не го дава мандатот на ниту еден лидер, или партија која не ја отфрла платформата како противуставна и спротивна на меѓународното и правото на ЕУ.
-Од друга страна, вчерашната изјава на портпаролот на ДУИ, г. Османи дека централното претседателство на оваа партија донело едногласна одлука да влезе во составот на Влада формирана од СДСМ, со цел да ги реализира сите точки од платформата, практично упатува на заклучокот дека СДСМ нема никаков проблем да реализира се што е напишано во платформата. Практично пред нас се отвора, се соголува целото сценарио на кое единствено што му останува е да биде реализирано. Да се реализира нешто што не е волја на мнозинството граѓани на РМ претставува најголемата политичка и кривична  измама од осамостојувањето на РМ до денес, вели Каракамишева- Јовановска.
Од трета страна, смета таа, вчерашната изјава на претседателот на ДУИ, г. Ахмети дека ќе се разгледаат сите уставни и деловнички одредби за формирање Влада треба да се разгледува како практично признание на г. Ахмети дека политиката мора да се врати и да се одвива исклучиво и само во согласност со правните акти на државата и во рамките на институциите на системот а не надвор од нив.
-Оваа изјава на г. Ахмети претставува обид на албанскиот лидер работите во политичкиот дискурс да ги врати во институциите на системот, да ги вразуми сите оние кои мислат дека решенијата на кризата можат да се бараат надвор од правните прописи на државата, и работите да се нормализираат, а не да се докомплицираат. Со оваа изјава г. Ахмети практично и директно ги обесхрабри сите „експертски“ и други обиди да се оди во фронтално и отворено кршење на Уставот на РМ, вели Каракамишева- Јовановска.

СДСМ сиве овие години покажа дека се мајстори да го кршат или да го заобиколат Уставот, но во овој клучен момент за државата потребно е водење политика со ладни глави, со голема доза на разум и прагматичност. Потребно е политичките математики и игри да се стават во уставно и законски можното и дозволеното.
А што е уставно можно во периодот што следи?
1. Без определен мандатар од страна на г. Иванов не е можно да се започне постапката за избор на нова Влада. Тоа е така затоа што во Уставот и во Деловникот на Собранието на РМ се утврдени фази низ кои минува процесот на избор на нова Влада. Ниту една фаза не е дозволено  да биде пропуштена, ниту е дозволено да биде заобиколена. Оттаму, сите играња “бајрам со умот“ дека е можно да се формира Влада без мандатор треба да се исклучат како неприменливи и како опасни, штетни и неуставни чекори за кои ќе мора да следи кривична одговорност за сите оние кои ја поттикнуваат и реализираат.
2. Потребно е со индигнација да се отфрли албанската  платформа како документ составен и донесен со посредство на политичари на странски држави што претставува директно кршење на меѓународното и на правото на ЕУ. Отфрлањето на платформата мора да се направи од страна на сите политички партии.
3. По нејзиното отфрлање, претседателот Иванов треба да го додели мандатот на мандатарот согласно одредбите во Уставот.
4. Едновремено партиите ќе мора да го отворат и прашањето за организирање на локалните избори во мај оваа година, да го заокружат изборот на претседател на Собранието, изборот на сите работни тела во Собранието, како и да се договорат за организирање идни брзи парламентарни избори имајќи предвид дека функционирањето на кое било парламентарно мнозинство (составено од 67, 63 или 61 пратеник) кое ќе застане зад евентуално некоја нова влада ќе биде проблематично од аспект на непречено функционирање на системот и носење на клучни закони во земјата.-И покрај јавната потврда која стигна од претседателот на БЕСА дека целиот процес околу создавањето на платформата е инициран и раководен од Владат

Пронајдете не на следниве мрежи: