Спремни за иднината:Google Glass 2 пристигна!

Иако се уште не сме ни приблиску до добивање на првите футуристички Google Glass очила, компанијата на пазарот ја промовираше втората (подобрена) верзија од нив…Кога ќе се погледна подобрувањата, навистина станува збор за минорни, но важни промени. Google најави дека постоечките корисници на Glass ќе имаат можност бесплатно да ги заменат своите уреди за новата верзија. Сега, очилата имаат поддршка за моно слушалка, а Google соработуваше со неколку компании кои произведуваат леќи со диоптер за да можат и овие корисници полесно да работат на Glass.
Анализирајќи ја надворешноста на првиот и вториот модел (на сликата погоре), не може да се забележат скоро никакви промени. Единствената разлика е во држачот за титаниумската рамка, преку кој Google најверојатно се подготвува за поддршка на други рамки (по избор на корисникот) или одредени додатоци за очилата.
И двата модели користат OMAP 4430 чипсет, само што поновиот модел има 4-та ревизија од овој чипсет, а оригиналниот модел ја имаше 3-тата ревизија. Ова нема да понуди огромен скок во перформанси, но е доволно за пооптимизирано работење на уредот.
Видеото погледнете го на GSM.mk
 Кога ќе се погледна подобрувањата, навистина станува збор за минорни, но важни промени. Google најави дека постоечките корисници на Glass ќе имаат

Пронајдете не на следниве мрежи: