Спроведувањето на Тиранската платформа преку изборот на Џафери за претседател на Собрание, провокација од Заев за македонскиот народ

Провокациите на Зоран Заев и неговата партија СДСМ доведоа до крвопролевање. Откако СДСМ насилно и противзаконски го избра Талат Џафери за претседател на Собранието, народот во четвртокот влезе во Собранието за да го врати во своите раце. Заев го предизвика македонскиот народ со Тиранската пларформа која почна да ја спроведува токму со нелегитимниот избор на Џафери за претседател на законоданиот дом.Целосно спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници поставија измислен претседател на Собранието, Талат Џафери. Па токму затоа, народот ја превзема работата во свои раце. Граѓаните влегоа во Собранието на Република Македонија, целосно го завземаа и седнаа на претседателското столче во законодавниот дом.
Сето ова претходеше откако само еден час во Собранието на Македонија Зеќири Ибрахими, пратеникот од редовите на БЕСА, жестоката собраниска седница ја заврши со пеење на албанската химна од говорница, додека пак неговите колеги од СДСМ молчеа пред интонирањето на албанската химна. Тоа доведе до зголемување на револтот кај граѓаните.

Ибрахими посочи дека Албанците имаат своја химна, а не македонската која претходно ја пееја пратениците од ВМРО-ДПМНЕ барајќи избори.
Овие потези на СДСМ и Заев очигледно беа крајните, по две годишната криза во која партијата поради лични интереси на раководството ја турна Македонија во тешка ситуација, во почетокот на реализиција на платформата од Тирана со која се предвидува федерализација на Македонија, воведување на двојазичност, промена на знамето, химната и националниот грб.
Една од точките од Тиранската платформа за која СДСМ се согласи е и постигнување целосна рамноправност во согласност во Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија.
Што тоа значи?
– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население.
– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
– Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
– Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.
Освен јазикот, предмет на платформата се знамето, химната и државниот грб. Во Тиранската платформа како една од точките е и сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
Зоран Заев е лицето кое ја втурна нашата земја во двегодишна криза, а тој во неодамнешното гостување во дневникот на Канал 5 телевизија потврди дека тој и СДСМ не се откажуваат од Тиранската платформа, замајувајќи ја јавноста дека немало платформи и декларации, туку имало само програма на новата влада.
-Верувам дека има одлични шанси Џафери да биде претседател на Собранието, рече Заев.Целосно спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници поставија измислен пр

Пронајдете не на следниве мрежи: