Срамота за државата-Мис кавги

Нови кавги за Мис на Македонија!Ленти за убавиците кои наликуваат на срните траки што се ставаат на цвеќиња за погреб, само во бела боја, испишани со флуоросцентен маркер, лоша организација, многу грешки – вака изгледаше овогодинешниот избор на Мис на Македонија на кој се бираше девојката која ќе не претставува на Мис на свет. Реагираат оние кои биле присутни на изборот, реагираат читателите кои ги гледаат фотографиите од изборот, реагираат конкурентите. Црнокрак од модното студио Црнокрак, кој ја има лиценцата за Мис глоуб смета дека ова е срам за Македонија.
-Бев сведок на изборот за Мис на Македонија 2013 за Мис на светот. Па ова веќе подолу не може. Како да сме најзаостаната држава на светот, како Бурунди, Зимбабве… Срамота за Македонија, гревота за толку убави девојки и момци на кои нема да им падне на памет да се пријават на каков било избор кога ќе видат вакво нешто. Само едно излегување, без да се видат кандидатките во костими за капење, па како да ги оценат членовите на жири-комисијата? Како да е изборот во манастир или во Ирак, Иран или во Саудиска Арабија? Кај се видело костими за капење да се облечат дури откога ќе заврши изборот? Круната за победничката беше ставена погрешно, односно на придружничката. Лентите како оние за венци за погреб, со фломастер напишани и ништо не се гледа на нив. Водителот подсекоја критика и на крај ја повика мисицата од минатата година да и ја стави круната на победничката, а круната веќе ставена. Простор за движење околу шанкот, само две девојки знаеја што треба да прават.
Победничката само два месеци претходно во Охрид на изборот за Мис лето не успеа ни во првите десет да влезе. Срамота ако ова е официјалниот избор за Мис на Македонија, навистина под секое ниво и голема срамота за државава. Се трудиме тоа максимално професионално да го направиме, онолку колку условите ни  дозволуваат. Кандидатките два месеци се тренирани да се покажат како треба на финалето, обезбедена е гардеробата за девојките (само чевлите што беа исти за сите не чинеа 1.500 евра), обезбедивме награди во вредност од преку 95.000 евра. Изборот на Мис на Македонија за Мис на светот треба да биде двојно подобар од нашиот, а не оваа мизерија што се случи. Мислам дека треба гласно да се прозбори и напише за мизеријата наречена Мис на Македонија за Мис на Светот, не само да се плука, туку да се пренесе тоа што се случи. И некако веќе да се застане на крај на самоволието на Лидија Велковска да престане да не срамоти сите нас кои максимално професионално си ја работиме оваа исклучително тешка и комплексна работа и ја претставуваме татковината ширум светот – вели Мики Црнокрак.

Сопственичката на лиценцата за овој избор Велковска, вели дека овојпат изборот бил направен преку кастинзи на кои биле одбрани 12 финалистки.
-На кастинзи беа одбрани финалистките, а потоа правевме жирирање од затворен тип како секаде во светот без публика. Жирито имаше прилика да се запознае и да ги види девојките, да направи интервју со секоја и да остварат непосреден контакт. Потоа требаше само да се одбере вистинската која ќе ја понесе круната. Не правевме класичен избор со дефиле, ова беше замислено само како забава за млади. Не сакаме да правиме гламурозни забави, зашто ако нема услови за гламурозен избор. Сезонава сведоци сме дека се одржаа милион избори и сите беа на ниско ниво. Се злоупотребуваа девојките да шетаат по зачадени локали, на непристојни места, со импровизирани писти за ситна заработувачка – вели Велковска.
Извор: republika.mkЛенти за убавиците кои наликуваат на срните траки што се ставаат на цвеќиња за погреб, само во бела боја, испишан

Пронајдете не на следниве мрежи: