Србин измисли уред за бесплатно телефонирање и сурфање

Мобилен телефон кој овозможува бесплатни повици, СМС-пораки и пребарување на интернет? Оваа идеја го импресионирала Александар Стибиљ, кој во моментов околу себе собра тим инжењери, дизајнери и студенти по електротехника од целиот свет, за заедно да развијат уред кој ќе го овозможи сето тоа.
Србинот  Стибиљ,  кој  е студент на ИТ, менаџмент и маркетинг во Париз, објаснува дека со неговиот изум, корисникот веќе нема да има потреба од мобилни оператори или интернет конекција, како и тоа дека телефонот ќе работи без СИМ картичка. Сите кои ќе го имаат “Тесла“ телефонот ќе можат бесплатно да ги повикуваат познаниците кои имаат ист таков телефон.
„Мојата идеја се занова на идејата на Никола Тесла. Тој замислувал луѓето да испраќаат телеграми и слики, преку кулата што ја конституирал. Поради тоа и поради публицитет, телефонот ќе го добие името „Тесла“, објаснува Александар.
Главната пречка за овој проект да ја види светлината на денот се парите. Александар објаснува дека алатите за производство на телефонот се скапи, па затоа  потребни се донации, односно инвестиции.
„Донација од 130 евра, би значела дека донаторот на крајот на проектот ќе добие телефон, бидејќи „Тесла“ приближно толку и ќе чини. Но добив понуда и од инвеститор кој е спремен да ги покрие трошоците во целост, а за возврат да добие половина од продажбата на телефонот“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Мобилен телефон кој овозможува бесплатни повици, СМС-пораки и пребарување на интернет? Оваа идеја го импресионирала Ал

Пронајдете не на следниве мрежи: