Средба Aхмети- Заев: Следува Закон за јазици, промена на грбот и знамето

Порталот „Журнал.нет“ повикувајќи се на блиски извори до албанските партии и СДСМ, пишува дека првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на СДСМ Зоран Заев  денеска имале средба на која разговарале за понатамошните чекори на таканаречената коалиција помеѓу албанските партии.Од страна на Али Ахмети било посочено дека еден од првите чекори кои треба да се преземат веднаш по влезот во Собранието од страна на СДСМ и албанските партии, e да се изгласа првиот дел од Тиранската Платформа, на истиот противуставен и нелегитимен начин како што беше избран Талат Џафери за Претседател на Собранието.
-Како што се зборува се погласно во коалициските редови, веќе биле подготвени новиот државен грб, законот за двојазичноста за целата територија, како и предлог државното знаме, пишува Журнал.
Со силувањето на демократијата и Уставот на Република Македонија, СДСМ неуставно гласајќи ги овие закони треба да си го оствари првиот дел од Договорот за коалиција.
-Првиот дел од фактурата која треба да ја испорача Зоран Заев до Албанците е само почеток на она што следи и што е зацртано за во иднина. Веднаш после ова ќе се разговара и за промена на државното име и кантонизација на државата, што води до отцепување на одредени делови од државата и реализација на Тиранската Платформа, пишува Журнал.
Со ова се очекува Зоран Заев уште повеќе да го навлече гневот на граѓаните и да испровоцира нови протести.Од страна на Али Ахмети било посочено дека еден од првите чекори кои треба да се преземат веднаш по влезот во Собранието од страна на СДСМ и албанс

Пронајдете не на следниве мрежи: