Средба Димитриев – Ли: Добрите билатерални односи како гаранција за унапредување на економската соработка

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на избори Емил Димитриев, попладнево во Рига оствари средба со премиерот на Народна Република Кина, Кечијанг Ли, во очи на утрешниот Петти состанок на 16 земји од Средна и Источна Европа со Кина во летонската престолнина.Како што јавува дописникот на МИА од Рига, Димитриев и Ли на средбата ги потенцираа добрите билатерални односи на македонската држава со НР Кина, како гаранција за унапредување на економската соработка.
Во изјава за МИА по средбата, Димитриев посочи дека со својот кинески колега имале одлична средба на која му ги презентирал успешните проекти што Македонија ги реализира со кинеско финансирање, како гаранција за понатамошно продолжување на позитивната соработка и во други економски сфери, за што презентирал и конкретни проекти.
Исто така, македонскиот премиер посочил на средбата дека напредувањето на нашата земја на „Дуинг бизнис“ ранг-листата на Светската банка е мотив повеќе за дополнително зголемување на инвестициите од Кина во Република Македонија.
– Имавме одлична билатерална средба со кинескиот премиер. На средбата заеднички ги потенциравме добрите билатерални односи меѓу нашите две држави. Република Македонија е прва земја од форматот 16 плус една земја од Средна и Истона Европа што искористи средства од Фондот на Кина во овој формат за финансирање проекти од областа на патната инфраструктура. Проектите се во завршна фаза и се најдобра основа за понатамошна соработка во делот на економијата за што на кинескиот премиер му пренезентирав проекти во различни области од економската сфера, посочи Димитриев по средбата.
Според претседателот на македонската Влада за спроведување на избори, тој исто така го инфорнирал премиерот Ли и за најновата анализа на Светската банка, за условите за инвестирање во Република Македонија, односно рангирањето на Македонија на петтото место во Европа, според „Дуинг бизнис“ и на десетто место во светот.
– Со тоа сметам дека дополнително ќе влијаеме на привлекување на нови инвестиции од Кина од страна на нивни приватни компании за отворање на капацитети во Република Македонија, со цел да се помогне во намалувањето на невработеноста, зголемување на вработеноста и севкупниот развој на македонската економија, додаде Димитриев.
Како дел од активностите на маргините на Самитот на земјите од Средна и Источна Европа со НР Кина во Рига, премиерот Димитриев и владина делегација, денеска остварија средба со менаџерскиот тим на кинеската компанија „Хуавеи“ за Средна и Источна Европа и за Скандинавија, со оглед на тоа што компанијата „Хуавеи“ е реализатор на донациите на кинеската Влада од областа на информатичко-комуникациските технологии за овие земји.
Притоа, Владата на Кина, преку телекомуникацискиот гигант „Хуавеи“ вети донација во опрема во износ од седум милиони евра за средните училишта во Град Скопје.Како што јавува дописникот на МИА од Рига, Димитриев и Ли на средбата ги потенцираа добрите билатерални односи на македонската држава со НР Кина, к

Пронајдете не на следниве мрежи: