Средба Груевски – Фленкенштајн: Изборите се единствен начин за излез од политичката криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес оствари средба со европратеникот Кнут Фленкенштајн.На средбата соговорниците разговараа за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите како и европските перспективи на Република Македонија, информираат од партијата.
Груевски истакна дека единствен начин за излез од политичката криза е одржување на престојните избори на кој граѓаните ќе може да одлучат за сопствената иднина, базирано врз конкретна програма и проекти кои што ќе бидат понудени и се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена кон понуда на проекти кои ќе гарантираат напредок и продолжување на борбата за подобар стандард за граѓаните.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е потребна посветеност и одговорно однесување  на сите субекти во градењето на атмосфера за кредибилни и демократски избори.
Во однос на европските перспективи Груевски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ членството во Европската Унија е стратешки интерес и дека ќе се продолжи со напроите за придвижување на сстојбите на тој план преку активна реализација на мерките и чекорите предвидени  со акцискиот план.На средбата соговорниците разговараа за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите како и европските перспективи на Република Македон

Пронајдете не на следниве мрежи: