Средба Груевски- Санес Бјорнстад

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со партиските функционери Владимир Ѓорчев, Антонио Милошоски, Зоран Јолевски оствари средба со норвешкиот амбасадор, Арне Санес Бјорнстад.На средбата со амбасадорот на Норвешка,  ВМРО-ДПМНЕ го  осуди  обидот на партиите кои ги загубија изборите и  нивните подржувачи, преку поголем број жалби да издејствуваат незаконско гласање на членовите на ДИК и изигрување на вољата на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ на тоа одлучно ќе се спротистави и нема да дозволи спроведување на постизборен  инжињеринг во Република Македонија.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека  за време на изборите СДСМ вршеше плаќање на  гласачи особено во социјално ранливите семејства, што барем во еден дел беше документирано од надлежните институции и за истотот се водат постапки,  додека  од страна на ВМРО-ДПМНЕ немаше ниту едно прекршување на законот.
На прашање на амбасадорот,  беше одговорено дека во последните две години во Република Македонија  имаше сериозно мешање на одредени  преставници  на меѓународната заедница во внатрешните работи на земјата, и внатреполитичките и меѓупартиски работи. Тоа, иако подзадскриено,  беше присутно од одредени фактори и во предизборниот и за време на изборниот период. Таа пракса треба да запре.
Покрај политичките, стана збор и за економските прашања, како и успесите кои владата ги имаше во привлекувањето на инвестиции и отворање на нови работни места во Македонија. На средбата со амбасадорот на Норвешка,  ВМРО-ДПМНЕ го  осуди  обидот на партиите кои ги загубија изборите и  нивните подржувач

Пронајдете не на следниве мрежи: