Средба Јолевски- Џонс!

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави оствари средба со генералот Џим Џонс, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Обама и командант за Европа на Алијансата. На средбата беа разменети мислења за глобалната безбедносна ситуација, за кризните жаришта на Блискиот исток, како и за безбедносните предизвици со кои се соочува светот и Европа. Генералот Џонс кој како американски генерал беше вклучен во воспоставувањето на мисијата УНПРЕДЕП, го поздрави напредокот што го постигна Република Македонија во областа на одбраната. Тој високо го оцени квалитетот на придонесот што Македонија го дава во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“. Министерот Јолевски ги презентираше аргументите за што поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО. Двата соговорници разменија мислења како може да се зајакне соработката во областа на одбраната меѓу Македонија и САД, во духот на Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка потпишана меѓу двете земји во 2008 година. Иако оваа соработка е оценета како одлична, министерот Јолевски истакна дека постои простор за нејзино уште големо интензивирање.
   Министерот Јолевски во текот на денот оствари средба и со потенцијален инвеститор од САД во областа на воената индустрија. Беа разменети мислења за потенцијалите за унапредување на соработката во наменската индустрија.
 Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски го продолжи својот престој во САД со присуство на Конвенцијата на Демократската партија на која се очекува да се потврди номинацијата на Хилари Клинтон за претседателски кандидат. Присуството на Конвенцијата ќе биде искористено за остварување на средби со повеќе сенатори и конгресмени, како и високи функционери на американската администрација.   Министерот Јолевски ги презентираше аргументите за што поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО. Двата соговорници разменија мисле

Пронајдете не на следниве мрежи: