Средба на Јолевски со делегација на Парламентарното собрание на НАТО

Република Македонија останува целосно подготвена и посветена кон својата стратегиска цел – полноправно членство во НАТО алијансата, истакнал министерот за одбрана на Република Македонија на денешната средба со делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО, одржана во Министерството.– Реформските процеси во Министерството и во Армијата, нашето долгогодишно учество во мисиите на Алијансата, особено мисијата ИСАФ и последователно, мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, покажуваат дека Република Македонија и Армијата на Република Македонија се достоен, но и целосно интероперабилен партнер. Ние сме подготвени да биле полноправен член на НАТО од 2008 година, факт кој е добро познат за нашите партнери во Алијансата, нагласил министерот на средбата.
Јолевски, како што соопшти Министерството за одбрана, посочил дека процесот на реформи во Армијата се во функција на натамошно јакнење на Армијата, како гарант за територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија и паралелно да се зајакне инетроперабилноста на АРМ со армите на земјите членки на НАТО.
Во контекст на интеграцијата во Алијансата, Јолевски додал дека за тоа постои консензус помеѓу политичките партии, додека воедно постои и силна поддршка од граѓаните на Република Македонија.
Претседавачот со делегацијата, Свер Мирли се заблагодарил за состанокот, за дискусијата и изразил надеж дека Република Македонија набрзо ќе биде дел од НАТО-Алијансата.
Членовите на делегацијата на Парламентарното собрание и министерот Јолевски на средбата размениле мислења околу потребата за брза интеграција на земјите од регионот во Алијансата, мигрантската криза и новите геополитички текови во Европа и пошироко., информираат од Министерството за одбрана.– Реформските процеси во Министерството и во Армијата, нашето долгогодишно учество во мисиите на Алијансата, особено мисијата ИСАФ и последов

Пронајдете не на следниве мрежи: