четврток, 26 ноември 2026
Најново

Средба на претседателите на парламентите на Македонија и Грција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски претпладнево на маргините на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур, има средба со претседателот на Парламентот на Грција Никос Вуцис, пренесе МИА.Ова е прва средба на претседатели на законодавните домови на Македонија и на Грција.
Во рамки на Европската конференција на претседатели на парламенти, Вељаноски ќе има обраќања посветени на „Миграциите и бегалската криза во Европа – улогата и одговорностите на парламентите“ и „Националните парламенти и Советот на Европа: Заедничко промовирање на демократијата, човековите права и владеење на правото“.
Предвидено е Вељаноски да има неколку билатерални средби со неговите колеги учесници на конференцијата.
Претседателите на парламентите на 47 земји-членки на Советот на Европа, државите набљудувачи и соседи, како и претседателите на меѓупарламентарните собранија денеска и утре во Стразбур ќе дебатираат на повеќе актуелни теми.
Првата ваква Европска конференција на претседатели на парламенти се одржала во 1975 година. Конференцијата се одржува секои две години, алтернативно во Стразбур и во една земја-членка на Советот на Европа.Ова е прва средба на претседатели на законодавните домови на Македонија и на Грци

Поврзани вести