Средба од социјалните мрежи?!

Комуницирате подолго време на некоја од социјалните мрежи, a лично не ја познавате личноста. Доаѓа и тој ден кога закажувате состанок, на кој веќе конечно ќе се запознате. Еве неколку совети на кои треба да внимавате :
1. Не ги отикривајте своите лични податоци како број на телефон, адреса на живеење и други податоци. Морате да бидете потполно сигурни во намерите на личноста со која се допишувате и да стекнете доверба во таа личност.
2. Верувајте во своите инстикти и веднаш престанете да комуницирате со секој кој ве доведува во ситуација да се чувствувате непријатно или да почуствувате страв.
3. Ако се одлучите за средба, таа нека биде на јавно место каде има многу луѓе.  За состанокот известете некоја блиска личност и споделете ја локацијата каде планирате да одите. Нека ве контактира некој на телефон додека сте на состанокот, за да може да известите дали е се во ред.

4. Чувајте се од лицата во брак. Ако соговорникот е таинствен за својот живот или разговара со пригушен тон кога ќе му се јавите неочекувано, тоа е знак дека нема што да очекувате од него.
5. Ако ви каже дека ве сака, брзо по запознавањето, бидете внимателни.
6. Ако од вас побара пари, пример за лекување или слично, бидете сигурни дека ќе бидете измамени и парите никогаш нема да ви бидат вратени.
7. Се на се, онлајн состаноците може да бидат многу забавни и возбудливи, но бидете свесни и за некои опасности бидејќи не е реткост луѓето да погрешат и на научат нешто за онлајн состаноците на потешкиот начин.  Верувајте му на сопствениот инстинкт и следете ги овие совети и се ќе биде во ред.Комуницирате подолго време на некоја од

Пронајдете не на следниве мрежи: