Средствата за новогодишна декорација на Кичево донирани за социјални семејства

 
Екипа од општина Кичево хуманитарните пакети ги подели во регионот на Зајас, Осломеј, Вранештица, Другово, како и во неколку населби низ градот. 
– Хуманитарната помош беше наменета претежно за семејствата кои имаа потешкотии во снабдувањето со храна и хигиенски средства. Акцијата беше планирана и се реализира од средствата кои беа заштедени со откажувањето на предновогодишното декорирање на градот,  рече Емин Насуфи, портпарол на општина Кичево.
Тој додаде дека освен пакетите со прехранбени средства на социјално загрозени семејствата им беа поделени и парични средства. 
– Хуманитарната помош беше наменета претежно за семејствата кои имаа потешкотии во снабдувањето со храна и хигиенски средства.

Пронајдете не на следниве мрежи: