Среќната реакција на детето кое носеше дрес од кеса НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИ РАМНОДУШНИ!

Авганистанската фудбалска федерација ќе организира средба меѓу Лионел Меси и Муртаза Ахмади (5), кој стана интернет сензација откако се појавија негови фотографии како носи импровизиран дрес од Меси направен од пластична кеса.Се оствари една од желбите на малото момче – тој беше специјален гостин во младинскиот тим на Авганистан, каде што носеше дрес од својот идол Меси.
Имено, малиот љубител на ликот и делото на Лионел Меси пронајден е по големата потрага која ја покренаа Аргетинскиот фудбалски сојуз и менаџерите на Меси и за поклон доби вистински дрес од Меси од Барселона.
– Плачеше со денови зошто немаше дрес. Не можев да му купам зошто живееме во сиромашно село далеку од градот, а тогаш брат му му направи дрес од кеса, открива таткото на детето.
– Ми беше тешко поради него зашто не можеше да добие дрес, па му направив дрес од кеса. Вистински дрес не можеме да му купиме, изјави братчето на Муртаза, 15-годишниот Хомауоун.
Видеото кое беше објавено на Интернет ќе ве освои. На него ова мало слатко дете не може да ја сокрие среќата.

Пронајдете не на следниве мрежи: