Српската пејачка Синди напиша драматичен статус и тоа откако и е одземено старателството над ќерката Петра.„Вчера со привремена мерка му е одредено старателството над Петра на нејзиниот татко Никола… образложението на вештакот е дека тој подобро се грижи за потребите на детето… Се поставува прашање како се грижи? Кога детете е 4 години со мајката… Детето е при тоа очигледно добро воспитано, интелигентно над просекот, среќно…Инаку поранешниот маж ме тепаше и давеше додека бев бремена…. Дали тогаш размислуваше за нероденото дете. Кога детето се роди ми удри шлаканица и јас паднав со бебето во раце. Дали тогаш таткото мислеше на детето кое вриштеше и едвај го смирив. Имам уреден лекарски извештај за повредите при таа прилика. Кога таткото беше ненаспан а детето плачеше и ја фрлаше омилената играчка во ѕид што уште повеќе ја вознемируваше…Кога одлучив после тоа да се разведам затоа што сакав да го заштитам детето, тој продолжи и по разводот да ме тепа…Отидов во институтот за судска медицина ги сликав модриците и пријавивме во полиција…Од тогаш поминаа 3 години и тој не е доведен на сослушување…Воопшто не го земаа во предвид тоа што наведов дека почна да се дрогира. Сега го зема старателството и не ми дава да го видам детето. Полицијата не е надлежна, социјалното не е надлежно. Никој не е надлежен. Инаку, адвокатот кој го брани го зема старателството над неговото дете…и поради тоа што мајката го однела детето на море без согласност, а во тој период автомобилот на таткото е кренат во воздух…Што ако детето било во колата…Овде никој нема одговор на прашањето…Каде јас живеам?“„Вчера со привремена мерка му е одредено старателството над Петра на нејзиниот татко Никола… образложението на вештакот е дека тој по
Пронајдете не на следниве мрежи:



