Српските медиуми: Медискиот мафијаш Александар Родиќ од себе прави „политичка жртва“ за да ги избегне долговите

Loading...

Весникот „Слободен печат“ кој сопственикот на српски Курир Александар Роџиќ го купи во октомври минатата година отворено го поддржува Зоран Заев и СДСМ и поради тоа новоизбраниот премиер на Македонија на весникот во вторникот му даде презнание за принос и борба за граѓанските права и слобода на информирање, пишува Политика.рс.Срдечноста со која премиерот Зав во вторникот во Скопје го дочека сопственикот на „Адрија медиа груп“ Александар Родиќ ги изнанади единествено само оние кои не ја познаваат медиумската сцена во Македонија.
Сајтот понатаму пишува дека уште во крајот на октомври минатата година Родиќ го купил македонскиот дневен весник „Слободен печат“ кој јавно е наклонет кон опозицијата (сега власт) СДСМ и лидерот Заев.
„Адрија медиа груп“ на 26 октомври 2016 година објави дека го купила најтиражниот весник во Македонија, а со тоа и формираше компанија во истата држава „Адриа медиа балкан“. Инвестирањето во Македонија како што наведоа е донесено поради длабокото уверување во потенцијалот за развој на електронските и печатените медиуми во Македонија, како и поради напредокот на државата која го остварила по критиреиумите на Светската банка, пишува српска Политика.
Оваа вест додека помина незабележано во Србија, во Македонија детално се пратеше доаѓањето на Родиќ на македонскиот пазар. За преземањето на весникот пишуваше и дневниот весник „Дневник“ само еден ден по купувањето на „Слободен печат“, како што пишуваше „Дневник“ во текстот еден од сопствениците на „Слободен печат“ Владимир Кошевалиски ошто ја демантираше веста дека преговарале со српската компанија, но само недела дена подоцна неговиот најтиражен весник падна во рацете на „Адриа медиа груп“. Исто така останатите медиуми во Македонија не заборавија да потсетат дека сопругата на Кошевалиски е вработена во кабинетот на Зоран Заев.
Политика.рс понатаму пишува дека впечатокот на македонската јавност е дека „Слобиден печат“ е гласило на СДСМ и само се засили со доаѓањето на новиот сопственик Родиќ.
Посетата во Скопје пред неколку денови Родиќ ја искористи за да по прв пат ја посети редакцијата на „Слобиден печат“, барем така се наведе во соопштението на „Адриа медиа груп“ во кое најголемото внимание се стави на посетата на сопственикот на Курир со македонскиот премиер кој на Родиќ му даде признание за принос во борбата за граѓанските права и слобода на информирање.
Инаку главен и одговорен уредник на „Слободен печат“ е Бранко Героски кој во 1996-та година го основаше Дневник, првиот приватен весник во Македонија кој се финансираше од донации од американската амбасада во Скопје и соросовиот фонд за отворено општество, пишува сајтот.
Тој понатаму наведува и дека Героски пред неколку денови објавил текст за сајтот XXZmagazin.com, со наслов „мојата улога во македонското сценарио“, во кој жестоко ги критикуваше вестите на српските медиуми за ситуацијата во Македонија и неговата поддршка на Заев.
Политика.рс го завршува својот текст со тоа дека весникот „слободен печат“ на 15 мај излегол со насловна фотографија и текс „Кој ја плаши Македонија ќе стане „шиптарија“?- Знам те пушко кад си на Косову била!
А во текстот тој пишува и дека српските медиуми не престануваат да ја растураат меѓуетничката состојба во Македонија.
Освен Политика, за Александар Родиќ пишува и српски информер кој вели:

дека газдата на српски „Курир“, медискиот мафијаш Александар Родиќ од себе прави „политичка жртва“ за да ги избегне долговите. Даночната управа дошла до сериозни докази против Родиќ и неговите соработници, пишува Информер, кој пишува дека тој во политиката влегол поради тоа што затаил данок во вредност од скоро 20 милиони евра, а Србија ја учи на чесност.
Свесен дека не може повеќе да ја избегне кривичната одговорност, Родиќ сега со приказната за влез во политиката пробува од себе да направи „жртва на државен прогон“.
Според зборовите на соговорници за Информер, тој е во толкава паника што дури и размислува да ја напушти земјата, како што дознаваат тие, на најблиските соработници им рекол дека можеби ќе си замине од Србија на некое време, затоа што му се заканува киднапирање.
-Аца е надовр од себе поради страв и паника. Буквално не знае веќе ни што збори, ниту што прави! Прво нас ни кажа дека ќе основа партија и дека ќе се бори де додека не го сруши Вучиќ, а сега наеднаш говори за некакво киднапирање и најавува заминување од Србија. Мислам дека ова е само почетокот на неславниот крај на српски „Курир“! Ми се чини дека Родиќ дигна раце од весникот и само размислува да се спаси од затвор, вели еден од уредниците на Курир со кои разговарале од Информер.
Според неговите зборови газдата на срспски Курир веќе подолго време знае дека истрагата околу него се стегнува и дека полицијата наскоро ќе му чукне на врата.
-Родиќ е свесен за размерите на својот криминал. Баш тоа е причината што политички се ангажира, односно зошто од себе пробува да направи наводна жртва на политички прогон. Идејата му е се да претстави како некаква одмазда на власта, вели тој.
По ваквите написи во српските медиуми се обрати и Героски, кој објави своја колумна насловена како: Госпоѓо Попадиќ, во овој момент Родиќ го одржува плурализмот на печатот во Македонија!
Срдечноста со која премиерот Зав во вторникот во Скопје го дочека сопственикот на „Адрија медиа груп“ Александар Родиќ ги изнанади един

loading...