Српските органи ја завршуваат истрагата за криминалите на партнерот на Заев во Белград

Министерството за внатрешни работи на Србија во соработка со надлежното обвинителство и даночната полиција ја заврши сеопфатната истрага против Александар Родиќ, „Адрија медиа груп“ на чие чело е тој и весникот „Курир“, пишува српскиот весник „Политика“ додавајќи дека тоа е причината зад последните потези на Родиќ.Весникот наведува дека се обезбедени конкретни докази за злоупотреби во финансиското работење, неплаќање на даночните обврски, фалсификување на документи, уцени, закани…
Како што оценува „Политика“, слично на претходните сценарија за одбрана Родиќ со отворени писма и пароли се обидел да ги оневозможи државните органи да си ја вршат својата работа.
-За да може претстојното постапување по кривичната пријава да го прогласи како политичка одмазда смислил „скопски маневар“ и жалење во стилот на „Јас сум борец за слобода на медиумите и бизнисмен кој го шири пазарот, жртва сум на прогон, бидејќи не прифаќам уцени“, пишува Политика додавајќи дека Родиќ „потегнува и безсмислени тврдења како она дека БИА го следи, дека животот му е загрозен за јавноста да го гледа како жртва.“
Весникот оценува дека кога ќе се проучи документацијата станува јасно дека не е збор за уцени и процени, туку за „долгогодишен мрежен начин за криминално однесување“ на штета на државата, банките, поединци и претпријатија.
„Политика“ пишува дека фирмите кои го издавале весникот „Курир“ повеќе пати се згаснувани, заминувале во стечај, а се основале нови за да се изгуби трагата на финансиските малверзации.Весникот наведува дека се обезбедени конкретни докази за злоупотреби во финансиското работење, неплаќање на даночните обврски, фалсификување на док

Пронајдете не на следниве мрежи: