ССМ: Поднесени нови кривични пријави против групата фалсификатори

13-те грански синдикати и легитимно избраното раководство предводено од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, јасно го добија легитимитетот и со најновото решение од Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија, со кое се поништи претходното донесено Решение од поранешната техничка министерка, донесено врз основа на фалсификувани документи, донесено врз основа на незаконити и нестатутарни дејствија спротивни на Закон и Статутот на ССМ, се вели во соопштението од ССМ.Истовремено сакаме да ја информираме јавноста дека против групата фалсификатори, Дарко Димовски, Пецо Грујовски, Живко Даневски и Пеце Ристески, беа покренати повеќе кривични пријави за фалсификување на исправи, злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување, лажно претставување, за кои се отворени кривични постапки и истраги пред Основното јавно обвинителство, за кои се предвидени казни затвор од 3 до 10 години.
 Против лажно претставуваниот В.Д. претседател Дарко Димовски, сторител на повеќе кривични дела поднесени се повеќе нови кривични пријави вклучително и за групата фалсификатори и синдикални пензионери за насилно превземање на зградата на ССМ, нарушување на владение, попречување на нормално функционирање на ССМ, попречување на работата на други грански синдикати, самовластие и други кривични дела, за кои исто така се предвидува повеќе годишни казни затвор.
Р. Македонија е правна држава и никој не може по насилен пат да го руши правниот систем, а особено синдикалното движење кое на чело со легитимно избраното раководство на ССМ успеа во најтешка економска и финансиска криза да донесе историски закони како Законот за минимална плата, Законот за мобинг, Законот за БЗР, неколку пати зголемена минимална плата, обезбеден бенефициран стаж за рударите во подземен коп, обезбедена пензиска граница на исто ниво, имплементирани 19 Директиви во Законот за работни односи, ратификувани нови 8 Конвенции на МОТ, вратено право на регрес и сл.
ССМ јасно истакнува дека за група на фалсификатори и синдикални пензионери, нема место во синдикатот. Таквите луѓе не заслужуваат понатаму да вршат какви и да било функции поради извршените кривични дел и злоупотреба на волјата на членството, кое застана зад Митревски и легитимно избраното раководство на 19-тиот Конгрес на ССМ.
Легитимното раководство и претседателот на ССМ во сите институции како во државата така и во синдикатите е повеќе пати потврдено, вклучително и во најновите решенија и од МТСП и од Централен Регистар на Р. Македонија кои најпрофесионално ја утврдија вистината.
Со ова соопштение накрај сакаме најостро да ја демантираме најновата лага на манипулаторот Дарко Димовски,  кој на најбезобразен начин пласира нова лага дека бил физички нападнат.
Станува збор за нова лага со цел истиот и групата фалсификатори да се извлечат од кривичните дела.
Во обидот да се спречи дивеењето и алкохолизираната состојба и разрушениот инвентар, службите на ССМ најпрофесионално во присуство на полиција ги отстранија сите пречки за нормално функционирање на зградата на ССМ и на институциите кои делуваат во неа.
ССМ и 13-те грански синдикати за разлика од 4-те други кои се исклучени од ССМ се фокусирани на спроведување на програмата на ССМ и на обезбедување на работничките права и интерес.
Во интерес на членството на ССМ и 13-те здружени грански синдикати останува отворен за соработка со сите добронамерни членови но не и за раководствата кои се препознатливи по фалсификување и синдикално пензионирање.Истовремено сакаме да ја информираме јавноста дека против групата фалсификатори, Дарко Димовски, Пецо Грујовски, Живко Даневски и Пеце Ристески, бе

Пронајдете не на следниве мрежи: