Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници

Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници е брошура напишана по барање на Централниот комитет на МРО. Одлуката за нејзино создавање е донесена за време на Јануарската средба и притоа македонскиот нациналноослободителен деец Петар Попарсов бил задолжен да ја создаде.

Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници

Брошурата е печатена во Софија од страна на Иван Хаџи Николов. Бидејќи постоела опасност по животите на нејзините автори, П. Поп Арсов се потпишал со псевдонимот Вардарски, а како место на печатење е означена Виена. Брошурата била напишана на бугарски јазик, притоа таа не била наменета само македонците, туку и за македонската емиграција и бугарите во Бугарија. Оваа брошура имала задача да ја разобличи политиката на Бугарскиот премиер Стефан Стамболов и црковно – просветната пропаганда на Бугарската Егзархија во Македонија.

Брошурата своето име го добила по премиер Стефан Стамболов. Напишана е по барање на ЦК на ТМОРО. Бидејќи брошурата е создадена по нарачка на ЦК на Македонската револуционерна организација, а воедно нејзин автор е еден од основачите на сaмата спомената организација, од брошурата го дознаваме ставот на ТМОРО кој го зазел кон Бугарската пропаганда, а воедно се гледа и борбата која организацијата ја започнала против таквата дејност. Во Република Македонија меѓу првите анализи кон книгата дава Петар Стојанов во 1963.

Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници

Стамболов си беше помислил дека навистина тој е повикан од провидението за да ја игра улогата на бугарски Бизмарк… И само нема да му ракоплескаме, туку го осудуваме и со нас заедно треба да го осуди целиот бугарски народ, особено македонските Бугари, бидејќи и во овој свет бугарски идеал Стамболов примеси својот егоизам безумство… Тој тиранин, кој не остави ништо свето за Бугарина чисто, за задоволување на својата желба за власт посака да се послужи и со училишното дело во Македонија. Тој блудник, кој се поигра со честа, животот и имотот на своите сонародници во Кнежевството, посака да го направи истото и со нас Македонците, во сопствената наша татковина Македонија.

Македонците, кои не можеле да поднесат: како се подигруваат со судбината на нивната татковина… јавно зборувале дека учебното дело во Македонија … го туркаа(т) кон пропаст
Тие истакнувале дека треба да се работи: така што општините лека – полека сами да ги подржуваат училиштата и да се дава предност на месната интелигенција, од чијашто средина да се избираат и учителите и директорите и архимандритите и владиците… дека училиштата со еден збор, како што се поставени сега, ги немаат предвид интересите на таа земја за која навидум постојат.

Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници

Ние немаме училишен одел во Цариград, кој ќе се грижи за добриот развој на училишнотро дело во Македонија, (а имаме б.н) просто и чисто еден севернобугарски језуитски одред со позната задача… задача која во себе ја содржи уште и тенденцијата – да создаваат во Македонија Бугари!
Бугарските учители пак :граѓаните веќе започнуваат да си играат со бившиот министер, тешко е бај Сарафов, кога човек веднаш ќе падне морално пред очите на народот – нели?… и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата… уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што да изгубиме.

Учителскиот кадар во Солунската егзархиска гимназија се делел на три групи: привилигирани северњаци благоразумни неблагодадежни и сепаратисти.
(Првите б.н) како пионери на бугарската идеја… раководени во Солун од Сарафов… се господари во Солунската гимназија и слободни се секојдневно да фрлаат по некоја навреда… Ние ве храниме, храни куче да те лае.
Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува – тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува.

Македонската револуционерна организација преку брошурата ги повикува:напомош сите чесни Македонци! Елате да ги спасиме општините… (бидејќи тие се б.н) единствен наш парламент, каде се закрепнувал и зачувал стариот демократски словенски дух на нашиот народ… единствена народна институција, која ја зачувале нашата националност и човечка физиономија во петстогодишниот период.

Веднаш по излегувањето на книгата, во Бугарија имало силни реакции кон истата. Меѓу првите кои јавно ја критикувале бил Димитар Матов, потоа книгата била анализирана во списанието „Бугарски преглед“ во 1895. Авторите биле обвинети за предавници на својата народност, изроди на општеството и дека се поткупени.

Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје, 2006

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.