Стаменковска: Пензиите од 2006-та до денес континуирано растат

Loading...

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за сите категории на граѓани, вклучувајќи ги и за пензионерите. Тоа го покажуваат и конкретните мерки и проекти. Впрочем најдобар показател за успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ се неоспорните бројки кои говорат дека пензиите од 2006-та до денес континуирано растат, изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција.
 Во продолжение ја пренесуваме изјавата интегрално:
Фактите покажуваат дека просечната пензија од 7.684 денари во 2006-та година пораснала на 13.754 денари во декември 2016 година што е зголемување за 79%. Најниската пензија  од 4.330 денари во 2006 година пораснала на 8.895 денари во декември 2016-та, што е зголемување за 105,8%, а највисоката пензија од 27.606 денари во 2006-та година пораснала на 37.882 денари во декември 2016-та година, што е зголемување за 37,3%.
Дополнително од септември 2008 година започнавме со исплата на пензиите секоја прва седмица од месецот истовремено на сите корисници на пензија;
Согласно со програмата Реално Во следниот мандат до 2020-та година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите на 10,25% и тоа:

5% со исплатата на пензијата во септември 2018-та година и
5% со исплатата на пензиите во септември 2020-та година.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека тоа што го ветува и го реализира. За разлика од времето на СДСМ кога пензиите не се исплаќаа редовно, а беа и намалени за 8 %, денес пензионерите знаат дека може да сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ како партија, која доби најголема поддршка на изборите, ќе продолжи да спроведува покачувања на пензиите, да спроведува мерки и проекти во нивен интерес.
За истакнување е и проектот Бањско-климатско рекреација на пензионери кој успешно се спроведува изминатите години. Ова е проект кој го почнавме 2010-та година и заклучно со 2016 година проектот го искористија над 36.700 корисници на пензија. Услугата за бањско-климатска рекреација ќе може да се користи еднаш во периодот од втората половина на март до ноември секоја година во траење од 7 дена и ќе опфаќа: 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, еден задолжителен здравствен преглед, трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од  местото на живеење на корисникот до установата во којашто ќе се користи услугата на бањско-климатска рекреација.
Проектот ќе продолжи да се реализира и во наредните четири години при што годишно ќе бидат опфатени 5.500 корисници на пензија, односно ќе бидат опфатени 22.000 пензионери во период од 4 години.
Исто така од 2015 година започнавме и со проектот Бесплатен туристички викенд за пензионери кој се реализира во одморалишта и хотелски комплекси  во Охрид, Струга, Дојран, Крушево и Берово. Предност ќе имаат корисниците на пониска пензија. Во 2016 година упативме 3.000 корисници, а од 2017-та година дополнителни 3.000 корисници на пензија. Проектот ќе продолжи во 2018, 2019-та и во 2020-та година, а услугата ќе можат да ја користат до 4.000 корисници на пензија годишно во пролетниот и во есенскиот период односно вкупно 15.000 пензионери за период од 4 години.
Во периодот што е допрва пред нас, како одговорна Влада ќе направиме напори да се зајакне социјалниот и материјалниот статус, стандардот и достоинството и мирот како и спокојот во пензионерското секојдневие и поминување на зрелите години од животот во меѓусебно дружење. Тие тоа го заслужиле со својот придонес кон Македонија и ние тоа знаеме како да го цениме и вреднуваме.
 

loading...