Станува ли Војводина ново кризно жариште?!

Loading...

Претседателот на Скупштината на Автономната покраина Војводина, Иштван Пастор во неделата му упати отворено писмо на премиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во кое изразува длабока загриженост за влошувањето на безбедносната во оваа српска покраина по низата инциденти од кои некои се карактеризирани како меѓуетнички судириДлабоката загриженост ја предизвикува фактот дека институционалните механизми за заштита на личната и имотната безбедност во Автономната покраина Војводина, не функционира, смета Иштван Пастор. Пастор натаму во отвореното писмо од премиерот Ивица Дачиќ, бара конкретни мерки на владата на Србија и министерството за внатрешни работи поради „остварување на правата на граѓаните на живот и безбедно опкружување и спречување на меѓунационалните инциденти”.Претседателот на војводинската скупштина потсетува дека мината седмица се случија низа инциденти кои го нарушија чувството на сигурност на жителите а Нови Сад, Темерин, Бечеј и Суботица, при што укажува дека „стравот и несигурноста станаа дел од секојдневието на Војводина”.Во местото Темерин пред неколку дена беа претепани три момчиња од унгарска националност, од кои еден е потешко е повреден, кои ги нападнала група ‘пцуејќи им ја мајката унгарска на српски јазик”, пренесоа војводинските медиуми. На тоа реагираше и владата на Унгарија која побара да се преземат „одлучни чекори” за давање на безбедност на унгарското малцинство во Војводина.На тепачката во Темерин претходеше меѓуетнички судир во Бечеј, каде беше скршена таблата на Словачкиот културен центар, а во Нови Сад уште владее „војната на графитите” по прашањето на автономијата на Војводина.„Сиве овие околности може да доведат до самоорганизирање на граѓаните на Војводина поради елементарна заштита на нивната лична безбедност, што нужно води во уште по ризични ситуации”, соопшти по овие инциденти Лигата на социјалдемократите на Војводина.Директорот на новосадскиот Центар за регионализам, Александар Попов предупредува дека сѐ позачестените иницијативи за укинување на војводинската автономија може да предизвикаат јакнење на автономашкиот фронт во Војводина и опасни политички последици, доколку државните органи продолжат да ги игнорираат проблемите во функционирањето на покраинската автономија.Попов нагласува дека постоечкиот српски устав е основата на актуелните политички превирања, кои можат да прераснат во уште едно „политичко жариште“ во Србија.„Имаме уставноправен вакуум, но и очигледно изостанување на дијалогот меѓу двете нивоа на власта. А може да се очекува дека пред Уставниот суд ќе биде оспорен и статусот на Автономната покраина Војводина, така што тоа прашање, за жал, само уште повеќе ќе се комплицира“, смета Александар Попов.Смета дека незаинтересираноста на централната власт во Белград за решавање ан овие проблеми поточно ги поттикнува иницијативите за укинување на војводинската автономија, што, пак предизвикува спротивна реакција, па така пред извесно време во покраинскиот главен град може да се забележат плакати со пораката „Војводина Република, коишто ги истакна Војводинската партија.На некои места од градот, овие жолто-сино-зелени плакати се прелепувани преку плакатите на партијата Трета Србија која се залага за укинување на Автономната Покраина Војводина. Војводинската партија по овој повод испрати соопштение во кое наведува дека нема да дозволи да се повтори 1988 година која во Нови Сад беше организирана ткн јогурт-револуција и кога практично беше укината широката автономија на Војводина.Партијата наведува дека се залага за рамноправен однос меѓу Србија и Војводина во сложена заедничка држава и за носење нов устав во кој војводина ќе биде дефинирана како република во составот на сложената држава Србија.Војводинската партија е вонпарламентарна политичка партија основана 2005 година во Нови Сад, чија цел е остварување економски, културен и одржлив развој на Војводина. На чело на Војводинската партија е Александар Оџиќ, поранешен функционер на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ). Оваа партија е членка на Војводинската конвенција којашто претставува сојуз на војводинските партии и организации кои се залагаат за идејата за формирање на ткн „Сојузна Република Србија”, којашто рамноправно би ја сочинувале Србија и Војводина.Претходно во српската престолнина Белград, беше одржано Собранието на Напредниот Клуб, српска невладина организација која ги промовира ставовите на владејачките „напредњачките” идеи за демократска и регионализирана Србија, во којашто Војводина би била укината, а главен град на Србија би станал Нови Сад. На собранието лидерот на организацијата, Чедомир Антиќ изјави дека треба да се укине автономијата за Војводина, и да се формираат три региона – Бачка, Банат и Срем. „Се залагаме, веќе пет години, за уставна реформа на Србија и за укинување на недемократската Автономна Покраина Војводина'”, рече Антиќ на 3-то заседание на Собранието на Напредниот Клуб.„Тие плакати укажуваат и на јакнењето на автономашкиот фактор во Војводина, каде дел од граѓаните се чувствуваат поради постојаните обвинувања за сепаратизам и повластена позиција, додека реалноста е дека Војводина денес дојде на ниво на неразвиен регион и шампион по невработеност. Таквата ситуација во никој случај не е добра и не знам кому може да користи за да се отвори уште едно политичко жариште во моментот кога ја имаме кризата во Санџак и на југот од Србија“, коментира Попов.Во последната деценија, додава односот кон Војводина се сведува на постојани натегања меѓу покраинските и републичките администрации и на постојано стеснување на надлежностите на покраината, а особено од носењето на уставот во 2006 година Попов заклучува дека ниту покраинската влада не се снаоѓа во актуелната ситуација која, како што оцени, ја карактеризира „остра офанзива на противниците на автономијата.
МакфаксПретседателот на Скупштината на Автономната покраина Вој

loading...