StartQube официјално започна вчера, ветува возбудлив настан

Loading...

Вчера со официјално обраќање на организаторите, започна StartQube, првиот летен камп за млади претприемачи и стартапи, а се одржува на Велестово во Охрид и ќе трае до 6ти септември.Млади и ентузијастички настроени претприемачи од повеќе држави се дел од StartQube, каде имаат уникатна можност да ги развиваат нивните идеи и да добијат корисни совети и коментари од искусните ментори. На настанот се среќаваат личности од Македонија, Словенија, Албанија, Бугарија, Италија, Хрватска, Холандија, Велика Британија, Азербејџан, Гана и САД.
На отворањето, организаторите изразија задоволство од интересот за настанот и порачаа дека искуствата стекнати во една ваква средина се незаменливи и дека целта им е да останат во близок контакт со сите присутни на StartQube со цел сите меѓусебно да се помагаат и поддржуваат и после настанот.
Учесниците веќе имаа можност да ги добијат и првите „лекции“ за формирање на функционални тимови, градење доверба, лидерство и валидација на нивните идеи. На настанот веќе се развија и првите реални прототип продукти на дел од стартапите.
„Одлично е тоа што со ваков настан се прави нешто од ништо, се почнува од некоја нула, со оглед на тоа што македонската стартап заедница скоро и да не постои како таква, и е супер што се потрудивте и нас да не донсете тука. Екосистемот не расте преку ноќ. Би било одично да се да искористи предноста на универзитетите кои продуцираат одлични студенти, а потоа тие студенти да се поврзат и вклучат во постоечки стартпи и да работат на нивните проекти со цел да го научат процесот, нешто како хакирање на постоечките стартапи со цел системот да се развива побрзо.“ – вели Матвж Петек, основач на Повио, словенски стартап со излез и инвестиции од САД.
Доколку ви звучи примамливо, сеуште се отворени днвните билети за StartQube и можете да резервирате за ден по ваш избор, со пополнување на онлајн апликација ден пред вашето учество.
Линкот е https://startqube.codequbate.me/booking.Млади и ентузијастички настроени претприемачи од повеќе држави се дел од StartQube, каде имаат уникатна можност да ги развиваат нивните идеи и

loading...
Loading...